Старата турска чаршија, магнет за гостите кои доаѓаат во Охрид
Едно катче во Охрид речиси да нема турист кој не го посетил, а посебно оние од странство. Тоа е старата турска чаршија. Таа со својата автентичност, убави мириси на ќебапи и други национални и ориентални јадења ги мами гостите на гастрономско ужување. За љубителите на благо има баклава, а оние кои сакаат чај можат да го пробаат подготвен по оригинален турски рецепт. Сопствениците на објектите велат дека добар квалитет, добра услуга, а пристапни цени е вистинската формула за успех.
Здружението на новинари одржа комеморативна седница
„Охридската медиумска заедница изгуби двајца свои музички работници кои со својата креативност создаваа музика која ги правеше охриѓани посреќни“, беше речено на денешната комеморативна седница.
Две жртви во сообраќајна незгода
Во тешка сообраќајна незгода која се случи на магистралниот пат Охрид- Ресен животот го загубија двајца млади охриѓани. Службите од Свр Охрид ги испитуваат причините поради кои дошло до несреќата.
Градинката Билјaна поплавена со фекалии децата привремено сместени во Лихнида
Градинката Билјaна поплавена со фекалии децата привремено сместени во Лихнида.
Австралијанци се прошетаа по основното училиште Св. Климент Охридски
Професори и средношколци од Австралија го посетија основното училиште Св. Климент Охридски со цел да видат како се изучува македонскиот јазик.
Охрид представен како што заслужува
Станува збор за септемвриското издание на официјалната публикација на „Lions international “. Во статијата Охрид е претставен како „Другиот град на светлината“.
Започна проектот за изградба на детски игралишта во градов
На повеќе локации во градов ќе се градат повеќенаменски детски игралишта. Веќе започнаа градежни работи во ОУ „Св. Климент Охридски“ каде ќе се уредува спортскиот терен и ќе се прави трибина, а ќе се прави и детско игралиште. Парите се од буџетот на општина Охрид.
Охрид пред нов предизвик да стигне до седум милиони евра
Со средства од меѓународните претпристапни фондови ќе се развива Југозападниот регион во Македонија. Треба само луѓе кои ќе знаат и умеат да изработат прооекти.