Измени во општинскиот автобуски линиски превоз
Се известуваат сите корисници на Општинскиот линиски превоз кои го користат Возниот ред 3/1 – линија Охрид – Косел – Охрид , дека од понеделник (12.05.2019 година) првото поаѓање од овој возен ред ќе биде во 4.55 часот од станица Булевар „Туристичка“ – зграда Печијаре, а не во 5.00 часот како што беше досега.
Трибина за режимот на сообраќај во „Стар град“: Варошани сметаат дека треба да има рампи
Жителите на Стар град бараат летен режим на сообраќај со рампи. Ова беше истакнато од присутните на трибината која се одржа во општинската зграда. Градоначалникот Константин Георгиески ги слушна забелешките и мислењата на варошани и им го откри новото решение за летниот режим на сообраќај.
Георгиески : Наша цел е Охрид да биде град со најдобар стандард за образование во државата
Охрид е град на Свети Климент, град на писменоста и наша цел е да биде град со најдобар стандард за образование во државата, кажа на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалиција „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески. Тој се наврати на реализираните проекти изминатите две години и најави продолжување на инвестициите во образованието во нов четиригодишен мандат.
Минарето на Али Пашината џамија продолжува да се гради, а Михаил Трендафилов Нанче , претседателот на ЗГ „Совест“ поднесе оставка од функцијата
На прес конференција обвини дека политиката замешала прсти и не се почитува правната држава. Бараат итна одлука од која ќе зависат нивните понатамошни активности .
Охридските гимназијалци повторно настапуваат на Драмскиот Аматерски Фестивал во Кочани
Под раководство на професорката Ирена Бачиќ, талентираните млади актери од Охрид, на овој фестивал кој и годинава има меѓународен карактер, ќе се претстават со претставата „Совршени странци“, работена по сценариото на Филипо Болоња за истоимениот филм.
Утре во Охрид традиционална Општинска сообраќајно-воспитна манифестација “Детски семафор”
Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа, во соработка со Локалната самоуправа, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, заедно со учениците од основните училишта во Охрид ќе ја реализира традиционалната Општинска сообраќајно-воспитна манифестација “Детски семафор”.
Денот на Европа го одбележаа и учениците во ОУ „Григор Прличев“
На интересен и креативен начин децата од одделенска настава во училишниот двор учеа за симболите и значењето на Европската унија.
Протест против изградба на петкатница на Туристичка
Жители на населбата Билјанини Извори повторно протестираа против изградбата на зграда на Бул Туристичка. Изградбата на 5катница ќе значи уништување на единственото зеленило во станбениот комплекс реагираат тие. Денес побараа од градоначалникот на Охрид да ја стопира градбата. За овој случај се чека одлука од Вишиот Управен суд како последна инстанца по однос на тужбата и барњето за поништување на одобрението за градба на оваа зграда, Во моментов инвеститерот работи на терен врз основа на одобрение за подготвителни работи.