Skip to main content
Мар 6, 2019

Општина Охрид со цел изготвување на ТРЕТ ЛЕАП (Локален Еколошки Акционен План)  ги повикува граѓаните да земат активно учество во идентификација на проблемите со животната средина  и да го дадат своето мислење за сегашната состојба.


Мар 6, 2019

Кажа дека развојот на здравството ќе оди во насока да не се дуплира скапата медицинска опрема, а да може да ја користат сите пациенти од регионот.


Мар 5, 2019

Локалната власт на СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески за период од без малку година и пол ја карактеризираат безидејност, неработење, неодговорност и негрижа за охриѓани, обвинија денеска на прес конференција од Ок на ВМРО ДПМНЕ.


Сеп 29, 2021

Денеска заврши шеесет и четвртата седница по ред на Советот на општина Охрид на која беа усвоени Годишните извештаи за работата и материјално-финансиско работење на средните училишта во Охрид, детската градинка „Јасна Ристеска“, како и училиштето „Кузман Шапкарев“.


Мар 5, 2019

Во подрачното одделение на ДИК тече постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи за  претсeдател на државата. Досега нема поднесено независна листа за собирање потписи за градоначалничка кандидатура.


Мар 4, 2019

Започна извршувањето на имотот на Трудбеник кај Студенчишкиот канал. Градежна механизација во присуство на полиција започна со отстранување на времените објекти на локацијата каде Фибула ер Травел во рок од две години треба да изгради два хотели од светски бренд. Извршниот директор на Трудбеник во судска постапка ќе бара поништување на купопродажниот договор за земјиштето.


Мар 4, 2019

Во охридските училишта скоро и да не постојат современо опремени кабинети по предметот физика. Учениците се лишени од можноста теоретското знаење да го поткрепат со изведување на експерименти. Во образовниот систем се  направија промени , но не и во опрема со нагледни средства со кои ќе ги заинтересираат учениците за физиката, велат професорите. 


Мар 4, 2019

Спортската сала Тодор Александров во Велгошти и терените на ОУ Живко Чинго беа арена за одмерување на вештините и среќата во повеќе спортски дисциплини. Учениците од охридските школи се натпреваруваа во баскет, фудбал, пинг понг, шах. Натпреварите беа организирани од ОУ Живко Чинго , со поддршка на Локалната самоуправа и Сојузот на училишни спортови.