Skip to main content
Фев 25, 2019

Охрид ќе добие нов спортски објект. Неодамна беа ставени темелите за изградба на спортска сала во ОЕМУЦ Св. Наум Охродски. Овој проект кој долги години наназад беше најавен, конечно ќе се реализира. Спортската сала ќе се гради на локацијата каде сега е спортското игралиште. Изведувач е ГП „Гранит“ и работите треба да завршат за седум месеци.


Фев 25, 2019

Во рамки на проектот „Регионот Охридското езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“ кој е финансиран од Европската Унија, ИПА 2 програма за прекугранична соработка, а го спроведува Црвен крст Охрид, викендов во Поградец Албанија, беше презентирана дел од опремата за безбедност на вода.


Сеп 28, 2021

Во големата сала на Општина Охрид денеска беше одржана работилница во пресрет на креирањето на Стратегијата за млади на Општина Охрид.


Фев 25, 2019

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески оствари средба со учениците-средношколци и студентите од општина Дебрца кои по објавениот конкурс од општината добија ученички, односно студентски стипендии за учебната , односно студиската 2018/2019 година.


Фев 25, 2019

Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска  заедно со амбасадорот на Р. Словенија во Р. Македонија Н. Е.  Милан Јазбец, ја проследи свечената приредба  што  вечерва  се одржа  во ОМУ „Методи Патче“ , а по повод одбележувањето на словенечкиот културен празник – Прешернов ден.


Фев 25, 2019

По повод обележувањето на „Денот на ретки болести 2019 “ ,како дел од активностите на Националната алијанса за ретки болести на Р.Македонија ,во 18 часот во Амфитеатарот на Институтот за филм – Филмска Академија Охрид, се одржа проекција на филмот„ Лицата на Лафора“ од режисерот Денис Бојиќ.


Фев 22, 2019

 Само со сериозна едукација на прозиводителите на храна  и силни контроли на институциите од аграрот ќе се произведува здрава храна и ќе има чиста животна средина. Со замижувањ пред проблемот само ќе се влошува состојбата, сугерираат ретките еколошки свесни земјоделци.  


Фев 22, 2019

На 41-то издание на  Интернационалниот Белградски саем за туризам, што се одржува од 21- ви до 24 февруари, со бројни активности се промовира Охрид како атрактивна дестинација. По свеченото отворање на саемот,  синоќа во познатиот белградски ресторан  „ Амфора“ се одржа традиционалната „ Охридска вечер“.