Се реновираат објектите на детската градинка „Јасна Ристеска“
Со реновирање на објектите се подобруваат условите за престој во охридските објекти на детската градинка „Јасна Ристеска“. Се менуваат покривите и дрвената дограма, а се планира и замена на подовите. Се најавува и етапна обнова на плакарите во сите објекти.
Античкиот театар со нов лик
На Антички театар да се направи центар за посетители , мал музеј како и простории за поддршка на „Охридско лето“ како што е простор за подготовка на изведувачите. Ова е идеја студентите од четврта година на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кои изработија проекти за ревитализација на охридскиот Антички театар. Денес тие беа преставени пред охридската јавност.
Вработените во охридските училишта добија плата за октомври
Одблокирани средствата за плата на вработените во охридските училишта. После политичките препукувања околу одговорноста за проблемот во пресметувањето на платата на секретарите во училиштата што доведе до блокирање на трансферот на средства на барање на министерството за образование, денес од општината кратко инфоримараа дека недоразбирањето со ресорното министерство било надминато.
Охридското езеро на милост и немилост на рибокрадците
Дали на езерото му е потребен концесионер или серизна рибочуварска служба. Мислењата на стручните лица се поделени. Но едно е сигурно, државата треба многу повеќе да вложи во физичка заштита на рибниот фонд.
Општите матични стоматолози незадоволни од предложените договори за работа со Фондот за здравство
Општите матични стоматолози незадоволни од предложените договори за работа со Фондот за здравство. Бараат измена на подзаконските акти и изедначување на капитацијата со општите матични лекари. Општите стоматолози се жалат дека се доведени до работ на егзистенција и нормално функционирање на стоматолошката служба.
ПРЕТСТЕДАТЕЛКАТА АНГЕЛОСКА ОСТВАРИ РАБОТНИ СРЕДБИ ВО СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА
Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, во периодот од 19 до 24 ноември беше во посета на Република Хрватска и Република Словенија. Посетата се реализира како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, а делегацијата беше составена од претседатели на совети и советници од 13 општини.
ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА ОХРИД
Надлежните служби на општина Охрид, започнаа со новогодишно украсување на градот. Според најавите годинава Охрид ќе блесне во полн сјај и ќе биде најубаво украсен во споредба со претходните неколку години.
Војната во Украина ќе се одрази и врз туризмот во Охрид
Војната во Украина ќе ја продлабочи економската криза и директно ќе се одрази врз туризмот во охридско-струшкиот регион. Изминативе две години Охрид го посетуваа голем број туристи од Украина, доколку продолжи војната ќе се намали бројот на туристи, но и нивната куповна моќ.