Skip to main content
Апр 21, 2019

До 12 часот Министерството за внатрешни работи нема регистрирано нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето. Гласањето се одвива мирно, сооопшти на денешната прес конференција Билјана Милевска од Одделот за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи.


Апр 21, 2019

Од Државната изборна комисија информираа дека излезноста на првиот круг од претседателските избори изнесува 28,89 отсто, соопштија од Државната изборна комисија.


Апр 21, 2019

Од Општинската изборна комисија информираат дека за вонредните локални избори во Охрид се запишани 52 273 граѓани, додека за избор на претседател се запишани 52 193.


Сеп 28, 2021

Непристапен пат до домовите, земјена улица раскопана со безброј дупки. Ваква е сликата на улицата „Даме Груев“ во Охрид. Револтираните жители кои се засегнати со овој проблем пријавија во рубриката Ти си твојот град на ТВМ телевизија.


Апр 19, 2019

18 дена водевме кампања со високо ниво на политичка култура на што сум горд. Го промовиравме сработеното и реално остварливи проекти за во идниот период, кажа на завршна прес конференција пред изборниот молк, кандидатот за Градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Геогиески. Обвини дека неговиот политички противник ВМРО ДПМНЕ водел црна кампања со лажни вести, клевети, навреди, и серија напади врз него како кандидат за градоначалник и како вршител на должноста градоначалник на Охрид.


Апр 19, 2019

Михаил Трендафилов- Нанче кандидат за градоначалник на Охрид, од  Граѓанско Демократска Унија, на прес-конференција истакна дека Охрид е симболот на Македонија. Најави изградба на меморијален центар на културите во Охрид.


Апр 19, 2019

Mладитe се нашата најголема вредност, нашата иднина.  Во мене младите ќе имаат искрен пријател и поддржувач,  порача Милошевски. Најави изградба на станови за млади брачни парови, стипендии за талентираните студенти и ученици, бесплатен превоз, отпочнување на сопствен бизнис.  


Апр 19, 2019

Фестивалот Охридско лето е на високото трето место во Европската Асоцијација на Фестивали.