Охридските лавови засадија 90 дрвца
Садниците кои беа засадени во основните училишта во градов ги дарува „Лајонс“ клубот од Охрид. Оваа иницијатива е подржана од сите „Лајонс“ клубови во Македонија.
Втор ден на „Охрид крафт експо“
Занатчиите од градов имаат можност три дена на плоштадот кај стариот чинар, да ги изложат и на потрошувачите им ги понудат своите уникатни ракотворби.
Исплаќањето на пензиите преку транскакциони сметки, дел од реформите
Владата сепак ќе им излезе во пресрет на изнемоштените лица кои не се во можност да ги подигнат своите пензии од банка.
Охрид и Воден ја прошируваат туристичката соработка
Охрид и Воден ја прошируваат туристичката соработка со што ги зголемуваат можностите за поголем број туристи кои ќе ги посетуваат овие два града. Нив ги сплоти заедничкиот проект Вотернет кој денес беше презентиран во јавноста. Соработката продолжува, најавени се нови заеднички проекти помеѓу овие две општини.
Песна и радост донесоа младите на геријатриското одделение
Десетина ученици активисти на Црвениот крст Охрид, со песна и оро внесоа живост во секојдневието на лицата, сместени на геријатриското одделение при Општа болница Охрид.
Охрид подготвен за есенската акција Ден на дрвото –засади ја својата иднина
Садењето на дрвјата во склоп на акцијата Ден на дрвото –засади ја својата иднина повторно ќе се одвива на локалитетот „Мауцкер“. Локацијате не е добар избор реагираат од граѓанската организација „Билјана“ и прашуваат зошто пошумувањето не е на планината Галичица.
Започна проектот за стерилизација на бездомните кучиња
Општина Охрид, во соработка со здружението за заштита на животни „Анималиа“ и ветеринарната амбуланта „Маја Тамара вет“ започнаа со проектот за стерилизација на бездомните кучиња. Од „Анималија“ велат дека стерилизацијата е единствената хумана и законска мерка со која би се довел бројот на бездомните кучиња во нормала.
И годинава новогодишни украси ќе се продаваат на примитивен начин
Според граѓаните крајно време е локалната самоуправа да набави нови тезги, со посовремен изглед. Од таму пак објаснуваат- на проектантите не им се исплаќа да ги изработаат.