Skip to main content
Авг 17, 2018

Опомена од Агенцијата за храна и ветеринарство за начинот на кој општина Охрид се справува со проблемот со кучињата скитници. Градоначалникот Јован Стојаноски решението на проблемот го гледа во изградбата на регионалнен стационар како проект на  Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Од таму оптимистичка најава дека до крајот на годинава ќе биде завршен делот со техничката документација.


Авг 17, 2018

Пливачката федерација на Македонија во Охрид ги  носи пливачките ѕвезди во маратонско пливање. На 10 км утре во водите на Охридското езеро ќе пливаат аргентинците  Морено и Бертола, бугаринот Ајдарски, холанѓанеоцт Шоутен. Од македонските пливачи на маратонот ќе пливаат Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, а за прв пат во женска конкуренција и Ева Петровска.


Авг 16, 2018

Младите во Охрид заслужуваат просперитетна иднина, но со СДСМ очигледно тоа не е возможно, кажа денеска на прес конференција претседателот на унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, општински комитет Охрид. Тој обвини дека новата власт  ги укинувала реформите направени од ВМРО-ДПМНЕ а своите ветувањата кон младите не ги реализирала.


Авг 16, 2018

Охрид треба да биде монденско летувалиште. Асовниот туризам и концентрацијата на огромен број туристи во краток период во шпицот на сезоната остава трајни последици во градот. Ова се размислувања на туристички работници за тоа каков туризам треба да развива Охрид.


Авг 16, 2018

Во населбата Месокастро ќе почне да се гради рекреативна пешачка патека од Саат кулата до старото училиште Св Климент. Мештаните и туристите ќе добијат современа патека по која ќе го разгледуваат стариот дел од градот. Патеката ќе има два крака во должина од 250 и 75 метри , а за изградбата ќе бидат вложени 3 милиони денари. Парите се од проектот за рамномерен регионален развој на Југозападниот плански регион.


Авг 15, 2018

Состојбата во која го затекнавме градот бараше да се започне скоро од нула во средувањето  на состојбите. Го оставивте ЈП „Охридски комуналец“ во очајна состојба, а од „Мауцкер“ направивте растоварна станица на комунален отпад, реагираат од локалната на изнесеното на вчерашната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.


Авг 15, 2018

Многу често несовесни возачи ги игнорираат  сирените на амбулантните возила на итната медицинска помош. Не  даваат предност на возилата и ги  попречуваат медицинските екипи и возачите на амбулантните коли да интервенираат брзо. Дополнително амбулантните возила имаат сериозен проблем со уште понесовесни возачи кои непрописно се паркираат пред ургентниот центар. 


Сеп 16, 2021

Приведено е 38-годишно лице од охридското село Лескоец, кај кого во неговиот дом полицијата пронашла седум стебла растенија Канабис.