Окт 10, 2025
Детското одделение во охридската болница повторно работи во три смени
На одделението работат три докторки специјалисти по педијатрија. Дополнително за втори смени и дежурства доаѓа и доктор специјалист педијатар вработена во Здравствен дом Охрид. На Одделението моментално со консултантски договор, се ангажирани и двајца пензионирани педијатри. Пет доктори се на специјализација.
Окт 10, 2025
Црвен крст Охрид
Одржана работилница во охридскиот затвор на тема: „Превенција на менталното здравје кај младите осуденици“
Работилницата беше реализирана од страна на Црвен крст Охрид, а во рамки на одбележување на Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври.
Окт 10, 2025
православен календар
Светиот маченик Калистрат
Православен календар: Спомен на Светиот маченик Калистрат.
Окт 10, 2025
УХМР
УХМР: Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура
Во Охрид минималните температури од 6, а максималните до 17 степени Целзиусови.
Окт 9, 2025
сдсм охрид
СДСМ најави проект за изградба на современо и еколошки стандардизирано пристаниште
На денешната прес конференција на СДСМ и коалицијата, Иван Димкоски најави проект за изградба на современо и еколошки стандардизирано пристаниште во Охрид, како една од најзначајните иницијативи што ја предлагаат како советнички тим на СДСМ.
Окт 9, 2025
Изложба на фотографии од најпретставителните единки на Балкански рис досега фатени на камера во КЦ Култ Охрид
Селекцијата на фотографии е резултат на 17 години теренски истражувања на Македонското еколошко друштво во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис. Денес во природата живеат едвај педесетина возрасни единки, поради што тој е вистинска природна реткост. Оваа изложба сведочи за значењето и итноста да се овозможи опстанок на ова животно кое претставува наш национален белег.
Окт 9, 2025
општина охрид
Утре ќе се одржи свечена седница по повод 11. Октомври, Денот на народното востание
На 11. Октомври започна вооруженото востание против фашистичкиот окупатор, востание со кое отпочна сенародната борба за слободна Македонија.
Окт 9, 2025
Огненоски: Со повеќе резултати, а помалку изговори, да го вратиме животот во Дебрца
Подобрување на условите за живот во Дебрца, отворање на нови работни места преку земјоделство и грантови, враќање на жителите кои се иселиле, развој на туризмот и поквалитетен живот на повозрасните жители, се дел од приоритетите на Кандидатот за Градоначалник на Општина Дебрца од ЛДП и коалицијата „Искуство за успех“ Даниел Огненоски кои денеска ги изнесе на прес конференција.







