Skip to main content
Авг 14, 2018

Локална власт на сдсм прави еколошка катастрофа, обвини на денешната прес конференција советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Илија Арнаудоски. 


Авг 14, 2018

Укинувањето на авиолиниите за Барселона и Лондон на нискобуџетната компанија Визер нема да има големо влијание врз туризмот во земјава. Негативно влијание нема да има доколку тоа остане на само овие две дестинции. Хотелските работници се надеваат на отварање на нови линии во иднина.


Авг 13, 2018

 Со ребалансот на општинскиот буџет нема кратење средства во инфраструктурни и комунални зафати, изјави на прес конференција заменикот градоначалникот Константин Георгиески, како одговор на обвинувањата на политичките опоненти.  Како одговорна локална власт само ги пренаменивме ставките  за развој на одредени општествени сфери кои се приоритетни за граѓаните. Исплатени се и близу 100 милиони денари стари долгови и кредит од Светска банка, истакна Константин Георгиески заменик  градоначалник на Охрид.


Авг 10, 2018

Пецаков кажа дека неколку пати  од неговата парија посочиле дека избраните членови не ги исполнуваат законските услови за нивно назначување, пропишани во Законот за јавни претпријатија.


Авг 10, 2018

Во овие летни денови телефонскиот број 194  на  итната медицинска помош постојано ѕвони. Медицинските екипи од  охридската брза помош  имаат и преку  30 повици за интревенции во текот на денот.  Иако недостасуваат лекари во  оваа служба докторите од постоечките екипи се трудат пациентите да не трпат поради тоа.


Авг 9, 2018

Над 15 сериозни интервенции на извлекување на давеници имала летово службата за спасување на вода на капалиштата. Само вчера спасени тројца давеници, две деца во базен и едно момче на плажата Парк.


Авг 9, 2018

Педијатрите се загрижени што се повеќе се нагризува здравјето на младите генерации. Алармантна е состојбата со  појава на дебелина, анемија  и на ортопедските  малформаци.  Апелираат на сериозен пристап   од страна на  семејствата и на  општествената заедница. 


Сеп 16, 2021

Тестирање на капацитетите и ресурсите на системот за управување со кризи во услови на катастрофален земјотрес со последици врз критичната инфраструктура и оперативноста на Следната генерација Команден систем за инциденти се целите на цивилната НАТО вежба „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“. Станува збор за вежбовна активност од големи размери, со повеќе од 700 учесници од 28 земји која од 20ти септември во следните 4 дена ќе се реализира на територија на Охрид и Струга. Вежбата е во организација на Евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи, а домаќин е Центарот за управување со кризи.