За две недели три жртви во сообраќајни несреќи на патниот правец Охрид-Кичево
Вчера околу 19 часот кај Подмоље животот го загуби 40 годишен Мешеиштанец кој со мопед се судрил со патничко возило „Цитроен ксара“ со охридски регистарски ознаки . Од полицијата велат дека на овој магистрален пат најчести причини за несреќите се преголемата брзина, претекнување и непочитување на сообраќајната сигнализација.
Во Охрид ракот на простата по број на заболени на 4-то место од малигните заболувања
Во општина Охрид ракот на простата по број на заболени од малигните болести го зазема 4-то место. Процентот на заболени покажува дека има потреба од воведување на превентивни прегледи. Во светот, месец ноември се именува како мувембар, кога мажите испраќаат порака за поголемо внимание кон машкото здравје.
Намалениот водостој на езерото се заканува да прерасне во посериозен проблем
ЈП „Водовод“ на барање на локалната ги исклучи пумпите со кои се зема вода за пиење од каптажата „Билјанини Извори“ и истата ја пренасочи во каналот „Студечишта“ за да се спаси плашицата од помор.
Романо Проди добитник на Светската награда за хуманизам за 2019 год
Станува збор за еден од водечките визионери и градители на европската идеја, екс-премиер на Италија и претседател на Европската комисија.
Продолжен терминот на саемот на книга во Библиотека „Григор Прличев“-Охрид
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид известува дека поради големиот интерес на читателите Саемот на книгата денес и утре ќе биде отворен од 10 до 18 часот.
Кошаркарското игралиште искршено и нефункционално во СРЦ Билјанини извори
Граѓаните бараат средување на кошевите и осветлување на терените. Кошевите ќе бидат оспособени и функционални овој месец, информираат од јавното претпријатие кое стопанисува со спортскиот центар.
Организаторите на концерти во Охрид не ги почитуваат законските обврски кон Црвен крст
Организаторите на концерти во Охрид не ги почитуваат законските обврски кон Законот за Црвен крст. Буџетот на охридската организација на Црвен крст останува празен, а даночните служби не реагираат. Со години организаторите не ги плаќаат 3-те проценти од продадените влезници кои законодавецот ги предвидел за помош на граѓаните во социјален ризик.
Одбележани седумдесет и четири години од ослободувањето на Охрид
Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски истакна дека на овој ден ја славиме победата со надеж за подобро утре, но и го продолжуваме аманетот на нашите предци, да ја зачуваме крваво здобиената слобода.