Skip to main content
Авг 1, 2018

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ  одржа пресс конференција поради свеченото пуштање во употреба на новата автобуска станица во Охрид. Тие потсетија дека тоа е проект на ВМРО-ДПМНЕ кој отпочна изминативе години и на кој особено се горди како партија, но исто така потсетија и дека кога отпочнува проектот СДСМ и Зоран Заев бесмислено го напаѓаа и критикуваа. 


Авг 1, 2018

Пуштена во употреба современа автобуска станица во Охрид. Во нејзина близина поставени  темели и на  нов трговски центар на површина од 8 илјади метри квадратни. Премиерот Зоран Заев го поздрави потегот на македонските инвеститори да учествуваат во изградба на нови објекти кои ќе допринесат за поквалитетен живот на граѓаните.


Сеп 16, 2021

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве изведуваат работни активности за хортикултурно уредување на зелените површини на тротоарот на улица „Јане Сандански“, согласно проектот за реконструкција на улицата.


Јул 31, 2018

Со транспаренти, со тропање на буриња, маскирани со перики, активисти на неколку граѓански здруженија изведоа уметнички перформанс пред општина Охрид барајќи  итно спроведување на препораката на Реактивната мисија на УНЕСКО, прогласување на мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации сè додека не се изработат сите релевантни плански документи.


Јул 31, 2018

На улицата Вардарска  утрово со брза интервенција охридските пожарникари спречија пожар од поголеми размери. За среќа е опожарена само една соба со покуќнина.    


Јул 31, 2018

Охридскиот шаховски клуб Ласкер  го доближува  шахот до охриѓани и туристите. На несекојдневен начин на отворено охридските шахисти нудат забава преку  можност да  се одигра партија шах.Туристите и охриѓани пријатно изненадени од еден ваков шаховски турнир. 


Јул 31, 2018

Презентирана турската култура со Балканскиот караван  од општината Кучукчекмеџе од Република Турција. Шеесетина уметници прикажаа  дел од нивната култура и фолклор од разни делови на Турција. Караванот патува во пет земји и ќе посети осум балкански градови.


Јул 30, 2018

Од 1 до 4 август на стадионот Билјанини извори, на грандиозна сцена , со светлосни ефекти, пиротехника и спектакуларен огномет, Охрид ќе пулсира со звуците на светската елита во електронската музика.