Охридскиот Архив го одбележа Меѓународниот ден на архивите
Охридскиот историски Архив поседува едно огромно богатство кое што допрва ќе биде преведувано и јавноста ќе биде запозната со содржините. Оваа Установа може да се пофали со импозантна збирка на ракописи на турски, словенски и старогрчки јазик од 14 век на ваму, како и со библиотека на книги кои припаѓаат на новиот период после 1945 година. Ова го истакна Славица Јанкоска директорката на подрачното одделение на оваа Установа во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на архивите, кое годинава се одбележува по деветти пат под мотото „Архиви, хармонија и пријателство”.
Православните христијани денес го прославуваат вознесението Христово, Спасовден
Ова е посебен празник за мештаните во Горно Лакочереј, но и за секој посетител кој ќе дојде да запали свеќа за здравје во прекрасниот манастир “Св.Спас”.
Кокаин и марихуана пронајдени кај тетовчани во Охрид
На 9-ти јануари 2022 година во СВР Охрид, приведени се Х.Ќ. (26), Љ.А. (23), М.П. (23) и С.У. (23), сите од тетовското село Пирок.
Несертифицираните плински боци – темпирани бомби
Во поголемиот дел од несреќните случаи при експлозија на плинска боца во станбен и деловен објект причината била нелиценцираната, неисправна или дотраената боца. Од територијалната противпожарна единица со апел, внимателно при купување на плински боци, бидејќи нелиценцираните плински боци претставуваат темпирани бомби.
ГЕОРГИЕСКИ ОБРАЗЛОЖИ ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА
Градоначалникот Константин Георгиески во изјава за медиумите образложи детали во врска со ребалансот на општинскиот буџет, кој денеска беше усвоен од страна на советниците на 62-та седница на Советот на Општина Охрид.
Тешка сообраќајна незгода кај Хидробиолошки Завод
Едно лицe се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 18 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Св.Наум – Охрид кај Хидробиолошки Завод.
Второ издание на „StartQube“
Од 20-ти до 25-ти август во Велестово, по втор пат ќе се одржи StartQube, летен камп за претприемачи и луѓе ориентирани кон градење на бизнис или подобрување на своите бизнис вештини.
Превентивно-оперативни и сообраќајни мерки поради посетата на чешкиот претседател
По повод претстојната посета на Охрид на претседателот на Република Чешка г-динот Милош Земан и неговиот домаќин, претседателот на Република Македонија г-динот Ѓорге Иванов, СВР Охрид ги презема сите неопходни мерки за безбеден претстој на двајцата претседатели и членовите на нивните делагации.