ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид: На шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Охрид, спротивно на закон му се исплатени парични средства како надомест за штетите од земјотресите
Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид овбинуваат дека на шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Охрид, спротивно на закон му се исплатени парични средства како надомест за штетите од земјотресите, иако тој не бил подносител на барањето. Од в.д градоначалникот побараа да бидат вратени назад исплатените без основ парични средства.
Добитник на престижната награда „Григор Прличев“ е Славчо Ковилоски
Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски поет, прозаист и книжевен историчар. Автор е на една збирка раскази („Лоша тетка и други раскази“), две монодрами („Синот на Волкашин“ и „На Ножот“), три збирки поезија („Сонцето повторно ќе изгрее“, „Поезија во движење“ и „Барутна поезија“), три романи („Опасен сум“, „Сонување“ и „Синот на Кралот“) и повеќе монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата. Имал повеќе настапи и предавања за урбаната култура во ширум земјата, како и во странство (Њујорк, Загреб, Белград, Софија).
Рокот за пријавување по промотивна цена за учество на атлетскиот викенд Охрид Трчат кој ќе се одржи на 2 јуни истекува на 31 јануари
Рокот за пријавување по промотивна цена за учество на атлетскиот викенд Охрид Трчат кој ќе се одржи на 2 јуни истекува на 31 јануари.
УГОСТИТЕЛИТЕ ДА ГИ ПОДМИРАТ ОБВРСКИТЕ ЗА ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ
Општина Охрид упатува апел до сопствениците на угостителските објекти кои не ги подмириле обврските за краткотраен закуп на градежно земјиште тоа да го сторат во најскоро време затоа што во спротивно ќе бидат санкционирани од соодветните инспекциски служби и не ќе може да поднесуваат барања за тековната година.
Шпаркасе Банка донира возило на Заводот за нефрологија Струга
Автомобилот стар четири години , го поднови децениски стариот амортизиран возен парк на болницата. . Со него ќе се олесни транспортот на вработените и пациентите, а воедно ќе придонесе и за поквалитетна здравствена услуга.
Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид
Поддршката на Понт е резултат на досегашната стратегија и позитивно работење на паркот да управува со заштитеното подрачје. Ова е за прв пат заштитено подрачје во земјава да се приближи до управувањето на парковите во светот.
УТВРДЕНА ОДГОВОРНОСТ КАЈ АДМИНИСТРАТИВНИОТ СЛУЖБЕНИК ЗАДОЛЖЕН ЗА УТВРДУВАЊЕТО И ИСПЛАТАТА НА ШТЕТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ
Комисијата за водење на дисциплинска постапка формирана од страна на в.д градоначалникот Константин Георгиески, потврди дека дошло до злоупотреба на средствата наменети за надомест на штета од земјотресите што го зафатија Охрид летото 2017 година.
Георгиески: Постигнавме многу, можеме уште повеќе
„Резултатите од нашата работа се видливи, постигнавме многу, но убеден сум дека можеме да постигнеме уште повеќе. Сега е време да продолжиме со остварување на нови цели! – кажа на првата прес конференција Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ.