Пролетен циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL во Црвен Крст
Поради големиот интерес Црвен крст Охрид започнува нов, пролетен циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language). Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 11 февруари 2019 г, ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.
Потпишување на Договор за грант меѓу ЈУ Национален Парк Галичица и Фонд за природа Преспа – Охрид (ПОНТ)
После неколку месечните преговори и аплицирањето од страна на ЈУНП Галичица на повикот за финансиска поддршка објавен од Фондот за природа Преспа – Охрид (ПОНТ), во четврток на 24.01.2019, ќе биде потпишан Договор со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП Галичица, во висина од 150.000,00 евра за 2019 година.
Во Хидробиолошкиот институт не е започнат риболовот на охридската пастрмка за вештачки мрест
Владата на 15 јануари ја донесла годишната програма за финансиска поддршка за рибарство и аквакулура. За оваа намена за порибување на Охридското езеро се одобрени 6 милиони денари.
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД УЧЕСТВУВАШЕ НА РАБОТНИОТ СОСТАНОК НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СВЕТСКАТА УНИЈА НА ОПШТИНИ
Делегација на општина Охрид, беше дел од работниот состанок на управниот одбор на Светската унија на општини, во Истанбул.
Пронајдена марихуана во дом на охриѓанец
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Со изложба на книги се одбележуваат родендените на неколку роднокрајни автори
НУ Библиотека „Григор Прличев“и во оваа 2019 година продолжува со лани воспоставената практика со изложба на нивни дела да бидат одбележани родендените на роднокрајните автори.
Започна расправата на пленарна седница во грчкиот парламент за ратификација на Договорот од Преспа
Во 10 часот по локално време започнува расправата на пленарна седница во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето на пратениците ќе биде утревечер.
Од денеска започнува вакцинацијата со трета доза вакцина против ковид-19
Од денеска трета доза на вакцина ќе може да примат сите граѓани на возраст над 60 години, и сите здравствени работници и пациенти кои имаат влошена имунолошка состојба, без оглед на возраста.