Skip to main content
Јан 21, 2019

Новиот Закон за зелените пазари го доведува во прашање опстојувањето на охридскиот пазар. Законот предвидува пензионерите, вработените или пак луѓе кои остваруваат некакви хонорари да не можат да продаваат производи на пазарите. Од ЈП „Градски пазар“ неодамна направиле сондажа колкав е процентот на лица кои имаат закупено тезга на охридскиот пазар, а кои според новиот закон не ќе можат да работат. Податоците се фрапантни.


Јан 21, 2019

Голем број граѓани се здобиле со сериозни скршеници. Од охридската итна медицинска помош апелираат повозрасните граѓани да не излегуваат без потреба на снегот и мразот.


Јан 21, 2019

Во овие студени зимски денови тие поставија кутии за засолнување на кучињата на повеќе  локации во градот. 


Јан 21, 2019

Традиционално како и секоја година и оваа на малиот плоштад кај Долна порта, се одбележа Денот на рибарите. Со рибна чорба, пача, плашици, вино, греана ракија и традиционалното капење во водите на Охридското езеро, охриѓани го прославија денот на Свети Јован.


Јан 19, 2019

Иван Лотески, беше најсреќен од стотината капачи кои денес запливаа во ладната езерска вода со желба да го фатат Светиот крст. 28-годишниот Иван Лотески светиот крст го фати и минатата година.


Јан 19, 2019

Пред да почне со својата проповед Господ Исус Христос, во околината на Јордан проповедал Јован Крстител, кој велел: Се приближува царството небесно, доаѓа очекуваниот Месија, исповедувањето е потребно за влегување во царството небесно. Исус Христос, пред да почне јавно да го проповеда своето учење, од Галилеја дојде крај Јордан и му дозволи на Јована да го крсти, поради што Јован се нарекува Крстител.


Јан 19, 2019

Со решение на министерот за култура за нов вршител на должност раководител на Центарот за култура „Григор Прличев“  во Охрид назначен е Зоран Пејкоски, вработен во националната установа.


Сеп 27, 2021

Дваесетина волонтери од неколку европски земји и Македонија чистеа на видиковец на патот кон Велестово – заедничка акција на Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje и Чист Охрид.