Охридските советници нема да расправаат за Законот за јавна чистота
Советниците нема да решаваат каде ќе бидат поставени јавните тоалети во градов. Секторот за урбанизам изготвува проект каде тие ќе бидат лоцирани.
Дел од плажите сеуште се без спасители на вода
Плажата Немо, одмoралиштето Партизан, Даљан, Акватик кај Елешец, како и 6 струшки плажи не се безбедни за капење. Концесионерите на плажите, во екот на туристичката сезона, сеуште немаат ангажирано спасители на вода. Од Црвениот Крст Охрид, апелираат посебно пред престојниот викенд кога се очекува голем наплив на туристи, спомнатите капалишта да си ја завршат својата законска обврска и да воспостават минимум услови за безбедно рекреирање во езерските води.
Рача ги разбранува советниците на Охрид
Донесувањето на ДУП за овој дел од градот на денешната седница предизвика жестоки дискусии. Седницата не можеше да започне поради несогласување на дел од советниците со нејзиниот дневен ред.
Охридски Комуналец започнува со акцијата „Препознатливо чист“
На први октомври, ЈП „Охридски Комуналец“ ќе започне кампања насловена како „Препознатливо чист“, за успешно спроведување на законот за јавна чистота во Охрид.
Македонија вработува 2 во Охрид
Караванот на Македонија вработува 2 синоќа во Охрид. Проектот продолжува и нареднава година, а од охридскиот центар за вработување се задоволни од досегашните резултати.
Вистински културни емисари од нашиов град!
О.У. „Св. Климент Охридски“ Охрид се вклучи во проектот ( Културата без граници) чии носител е училиште од Виена , Австрија, а финансиски е подржан од Министерството за просвета на Виена.
Субвенции за зголемување на бројот на гости-предлог на туристичките работници
Туристичките работници предлагаат субвенции кои ќе придонесат за зголемување на бројот на странски туристи во земјава.
Нови можности за туристичка промоција на Македонија на „Дубаи Експо 2020″
На светската саемска манифестација „Дубаи Експо 2020″ која започна на 1-ви октомври 2021 и ќе трае до 31-ви март 2022 година, во тек е неделата посветена на туризмот каде повеќе од 190 земји ги презентираат своите туристички потенцијали и можности за инвестиции во овој сектор.