Skip to main content
Дек 13, 2024
OОУ „Григор Прличев”, Охрид
Учениците од ОOУ „Григор Прличев“ од Охрид на 25. и 26. декември во спортската сала во Централното училиште и училишниот хол во ПУ нас. Рача со почеток во 16 часот организираат Новогодишен базар.

Дек 13, 2024
Диви свињи прават пустош на земјоделските посеви на брегот на Охридското Езеро. Популацијата, поради забраната за лов во НП Галичица  е премногу намножена и во потрага по храна, животните ги  уништуваат нивите со пченка, пченица, грав и цели лозја на потегот од Студенчишкото блато до населбата Свети Стефан. Земјоделците бараат помош.  

Дек 13, 2024
Сувомеснати производи и мелено месо што биле без декларација и со поминат рок на употреба затекнале инспекторите на АХВ во маркет во Охрид.

Дек 13, 2024
Младите немаат доволно знаења за важните настани, државните празници, македонските револуционери, луѓето кои ги дале животите за денес ние да имаме слободна држава. Мал е бројот на оние кои се интересираат за сопствената историја, но тоа не е доволно за да се шири македонскиот дух, вели професорот Михаил Патчев. Учениците учат за оценка, а не тоа да стане дел од нивното сеќавање, идентитет и свест за припадност кон нацијата.

Дек 13, 2024
Во Охрид температурите ќе се движат од -1 до 9 степени Целзиусови.

Дек 12, 2024
Денес во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид беше потпишан првиот заеднички Меморандум за соработка меѓу ученичките заедници од сите средни училишта во Охрид.

Дек 12, 2024
Пред јавноста за прв пат се презентирани експонати  од богатата етнолошка збирка. Вo Куќата на Робевци  отворена „Изложба на пафти, токи, колани – украси за појас од етнолошката ризница на Охридскиот музеј”. Станува збор за 48 вредни примероци, врвни занаетчиски творби, највпечатливиот  накит на народната носија,  украсот  на градската облека што се носел во 19 и почетоците на 20 век.

Дек 12, 2024
СВР Охрид
На катарстарска парцела на улица „Беќир Алириза” во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган, изградил семејна куќа.