Во каналот Студенчишта сопствениците ќе ги врзуваат пловилата кој каде ќе стигне
Повторно ова лето во каналот Студенчишта сопствениците ќе ги врзуваат пловните објекти кој каде ќе стигне. Надлежност за одбележување на местата каде ќе се врзуваат пловилата засега немаат ни Капетанија ни Локалната самоуправа. Каналот не го даваат неколку министерства меѓу кои и ресорното на одбрана, а од Капетанија посочуваат дека има појава на тргување со паркинг места во каналот.
Охрид е идеален за да биде велосипедски град
Треба да се работи на дефинирање на исправна велосипедска мрежа не само низ градот туку нејзино оформување околу езерото. Во сообраќајната студија за Охрид, како најголем туристички центар во Македонија , со богато културно и природно богатство, пешакот и велосипедистот треба да бидат на прво место, сметаат стручните лица.
Ресорнотo министерство ќе субвенционира изградба и реконструкција на рибници
Ресорнотo министерство ќе субвенционира изградба и реконструкција на риболовни пунктови и рибници. Финансиската поддршка е неповратна и изнесува од 50 до 65 проценти во зависност од возраста, полот и местото на инвестицијата. Повикот трае до 9-ти јули.
Неконтролираното градење по крајбрежјето еден од најголемите предизвици со кои треба да се справат Охрид, Струга и Поградец
Неконтролираното градење по крајбрежјето еден од најголемите предизвици со кои треба да се справат Охрид, Струга и Поградец. Првите луѓе на трите крајезерски градови, денеска на Денот на Езерото, кој се одбележа во Струга, ги повторија своите заложби за поголема грижа и заштита на ова непроценливо природно богатство.
(ОБНОВЕНО) Одложена Јавната расправа за Студенчишко блато
Граѓаните на Охрид кои со физичко присуство во општинската зграда требаше да ја следат онлајн расправата ја напуштија салата. Градоначалникот Георгиески од претставниците од минситерството за животна средина и просторно планирање и стручните лица кои онлајн беа вклучени, побара можност да поразговара со засегнатите граѓани и да направи напор да се презакаже јавната расправа.
Затворање на кејот за сообраќај – императив во решенијата за летниот режим на сообраќај
На јавна расправа презентирани идејните решенија за летниот режим на сообраќај во централното градско подрачје. Микросимулациите изработени од стручна фирма покажаа дека за Охрид најдобра варијанта е затворање на кејот за сообраќај и ограничување на движењето во стариот дел на градот. Градоначалникот Јован Стојаноски ги сослуша сугестиите на граѓаните и истакна дека намерата на локалната самоуправа е да го растерети централното градско подрачје од моторизираниот сообраќај.
Двата базени на СРЦ Билјанини извори ќе бидат отворени на први јули
Двата базени на СРЦ Билјанини извори ќе бидат отворени на први јули. Се прават завршните подоготовки по успешното сервисирање на сите инсталации. Оваа летна сезона од пливачкиот базен Атина Бојаџи најавуваат и нови содржини како што е ноќното пливање.
Локалната им даде 3 дена рок на угостителски објекти на ул Коста Абраш да ги отстранат нелегално поставените маси и столици
Угостителските објекти на ул Коста Абраш поставуваат маси и столици на тротоар и на коловоз кршејќи го законот и Програмата за поставување урбана опрема донесена од грдските советници. Ова во акциска контрола го утврдија инспектори од локалната и полициски службеници. Прекршителите имаат рок од 3 дена да ги отстранат масите и столиците.