Skip to main content
Сеп 19, 2018

Државата не се откажува од изградбата на регионала депонија во општина Дебрца и покрај протестите на дебрчани. Заменик  министерот за  животна средина и просторно планирање не открива дали локацијата ќе биде во селто Годивје или на друго место во Дебрца. До жителите испрати уверување  дека ќе се гради софистицирана фабрика за преработка на отпад од кој ќе се произведува енергија според европски прописи. 


Дек 31, 2021

Со желби следната година да биде подобра, посреќна, побезбедна и попросперитетна, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, Ви ги честита Новогодишните празници…


Сеп 19, 2018

Општинската организација на Црвениот Крст  од Охрид, започна со кампањата “За посреќно детство“, која ќе финишира на 29 овој месец со спортско –рекреативен настан на кој ќе учествуваат ученици од сите возрасти.


Сеп 18, 2021

Охридските фудбалери ги продолжуваат натпреварите во Втората македонска фудбалска лига.


Сеп 19, 2018

Охрид, како најголем туристички центар и Република Македонија годинава ќе ја посетат 1,2 милион туристи, кои ќе направат 3,2 милиони ноќевања и ќе донесат девизен прилив од 24 милијарди денари (390 милиони евра).


Сеп 19, 2018

Општина Охрид од 17-22 септември 2018год. се вклучува во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“, односно 21 септември – Ден без автомобили, кога традиционално  во тој период се организираат настани посветени на одржлива мобилност во урбаните средини ,кои годинава треба да бидат на тема Мултимодалност –„Комбинирај и движи се“.


Сеп 18, 2018

Македонија е високо ризична земја за работниците.во 2017год. се евидентирани 24 смртни случаи на работно место и над 1600 повреди. Сеуште нема точен податок колкав е бројот на  професионалните заболувања. Затоа Македонското здружение за заштита при работа во соработка со Сојузот на синдикатите на Македонија и организацијата на работодавачи организира прва обука за организациски развој на синдикалните организации. 


Сеп 18, 2018

Имаме поддршка од меѓународната заедница за влез на Македонија во Нато и ЕУ.  Граѓаните треба да го препознаат историскиот момент за иднинат на земјата. Останува на претстојниот  референдум да ја кажат својата определба, порача Андреј Жерновски, заменик министерот за надоврешни работи од меѓународната конференција „Транс национални безбедносни закани“ која се одржува во Охрид.