Skip to main content
Јун 3, 2018

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, но и средување на  околината на градот во пресрет на сезоната, екипи на ЈП „ОХридски  комуналец“ денес го средуваа средишниот појас на потегот од Охрид до Св. Стефан.


Јун 1, 2018

Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “ . Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на  улиците:


Јун 1, 2018


Во склад со светските трендови и начинот на сообраќање во светските туристички центри, интенција на актуелната локална власт е да го редуцира сообраќањето во старото градско јадро  и во центарот на Охрид. Со тоа ќе се даде поголема важност во сообраќајот на пешаците, велосипедистите и моторциклистите, беше заклучено на дебатата за новиот систем на наплата при зонско паркирање и начинот на сообраќање во Охрид што синоќа се одржа во општина Охрид.


Мај 31, 2018

Заради зголемениот обем на работа во летниот период Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека почнувајќи од 01.06.2018 год. комуналниот отпад ќе се подига од 06.00 часот наутро.


Мај 31, 2018

Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа основачкото собрание на Локална акциона група, ЛАГ, – Агро концепт,на коешто  присуствуваа градоначалниците на Општина Охрид и Општина Дебрца, Јован Стојаноски и  Зоран Ногачески , чинители на јавниот,граѓанскиот,невладиниот и бизнис секторот.


Јун 12, 2018

Ајше Хасан е една од најталентираните интелектуалци во светот.  Оваа матурантка од колеџот Јахја Кемал го понесе македонскиот тим на врвот со четири златни медали во четири категории на Светскиот натпревар „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа во Кембриџ, Англија. Охриѓанката Ајше сонува еден ден да работи во НАСА.


Сеп 14, 2021

Одложена е Јавната расправа по нацрт законот за прогласување на Студенчишко блато за Парк на природата.


Јун 12, 2018

Археологот и конзерватор Никола Упевче со огромна љубов, трпение но и знаење изработи  мозаик со мапа на кој е преставено старото градско јадро. Тоа не е само уметничко дело пред кое посетителите ќе се воодушевуваат туку оваа мапа е направена со таква прецизност и точност што ги опфаќа сите важни културно историски знаменитости со нивните карактеристики и скриени пораки. Тој се надева дека мозаикот ќе биде поставен на некое порепрезентативно место во градот каде ќе имаат можност да го видат и охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во Охрид.