Skip to main content
Сеп 12, 2018

„Иако во целост можам да го разберам очајот на ВМРО ДПМНЕ, сепак, сметам дека треба да се има барем минимум политичка култура и да не се манипулира со лаги и полувистини, а само со една и единствена цел, собирање ситни дневнополитички поени“, се вели во реакцијата на градоначалникот Стојаноски.


Сеп 11, 2018

Педессеттина студенти кои уредно се запишаа на информатичкиот факултет во Охрид , во државна квота, нема да можат да студираат на избраните струки. Универзитетот распишал редовен конкурс за уписи иако немал акредитација. На самиот почеток на академската година, од студентите било побарано да потпишат изјава дека прифаќаат да студираат на друг место на факултетот на кој биле пријавени и примени.


Сеп 11, 2018

Основни училишта  ја почнале учебната година без извршена дезинфекција и дератизација на објектите. Од центарот за јавно здравје велат директорите на школите биле информирани за нивната законска обврска. Додаваат дека не станува збор за скапа услуга за третирање на училиштата.


Сеп 17, 2021

Охрид Ултра-Треил® е меѓународен спортски настан во природа кој се одржува еднаш годишно во Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион, Македонија. Третото издание на овој настан во планинско ултра-трчање опфаќа 4 трки со дистанци од 100км, 60км, 40км и 21км и е закажано на 17-19 септември 2021 година.


Сеп 11, 2018

Учениците моментално се превезуваат со анекс-договори која е законски дозволена категорија, но само во случај кога е распишан тендер за нова набавка, обвинуваат од Општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ од Охрид.


Сеп 10, 2018

 Во станбен комплекс на  улицата Ѓорче Петров два месеци истекува вода за пиење. Пукната е водоводна цевка во деловен простор после контролно водоводно броило на МЈП Проаква. Обврска е на Куќниот совет и заедницата за домување да  направат  дислокација на водоводната цевка која минува низ деловните простори за да се спречи водоизлевањето.


Сеп 10, 2018

Градоначалникот Јован Стојаноски, денес оствари работна средба со министерката за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска. Министерката Апостолска го запозна градоначалникот Стојаноски со планот на владата за економски раст и финансиската поддршка што истиот ја нуди за новите инвестиции.


Сеп 10, 2018

Пензионерите од Охрид и Дебрца кои се снабдуваат со огревно дрво преку Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца навреме ќе добијат огревно дрво. Од здружението уверуваат дека сите ќе го добијат огревното дрво, до почетокот на сезоната, доколку  исплатиле дел од ратите. Дадена им е можност за плаќање  до десет рати.