Skip to main content
Јул 6, 2016

Повторно ќе блесне сјајот на хотел Палас. Вака  одлучија акционерите  на денешното годишно собрание. По шпекулациите во одредени медиуми дека хотел Палас ќе почне со работа на 1ви јули оваа година, ТелевизијА ТВМ ви ја пренесува точната информација за реконструкцијата и отпочнувањето со работа на овој хотелски бисер. Со реконструкцијата ќе се започне по завршувањето на оваа туристичка сезона, а првите гости  во хотелот со 5 ѕвезди се очекуваат наредната пролет


Јул 5, 2016

Ќе се плаќа надоместок за поставување на инсталации на патот, патниот и заштитниот појас, прекумерно користење на патот и вонреден превоз. Оваа одлука беше усвоена на последната седница на Советот на општина Охрид, меѓутоа, истата не прецизира како ќе се извршува наплатата на влез на туристичките автобуси и од кое место ќе се врши истата, реагираа дел од советниците од опозицијата.


Јул 5, 2016

Половина од охридските и струшките плажи без спасители


Авг 3, 2021

Медицинските екипи од Брза помош и понатаму се соочуваат со стари проблеми кои делуваат врз брзината на интервенциите. Се попречува влезот и излезот на возилата паркирани на бесплатниот паркинг во кругот на дворот. Екипите се судираат и со проблем при движењето на амбулантните возила низ охридските улици кога многу често возачите не им даваат предност.


Јул 5, 2016

Младите уметници дизајнери сеуште имаат можност да се пријават на конкурсот за избор на „Сувенир на градот Охрид“. Од нив се бара производот да биде уникатен, по кој во иднина нашиот град ќе биде препознатлив, а ќе служи за промотивни активности.


Јул 5, 2016

Oптимален  број на првоодделенци во ОУ Григор Прличев.


Јул 4, 2016

Почнува фолклорниот фестивал Разиграно оро.


Јул 4, 2016

На охридската ривиера, во Подмоље, по стариот пат од Охрид за Струга, сигурно ја имате забележано новата патека со уреден паркинг простор, современо осветлување, пристапна рампа и клупи за одмор и рекреација. Денес овој локалитет го посети министерот за транспорт и врски и градоначалникот на општина Дебрца.