Оперската дива Елина Гаранча го отвора годинешното 56то Охридско Лето
Во музичкиот дел годинава публиката повторно ќе може да ги слушне Венгеров и Коробејников, додека драмскиот дел ќе помине во знакот на Вилијам Шекспир приклучувајќи се во одбележувањето на 400 години од неговата смрт.
Распоред на богослужби по повод празникот Св. Еразмо Охриски
Дебарско-кичевската епархија, ги ивестува своите православни верници дека на 14-ти јуни вторник, во манастирот Св. Еразмо Охрид, со почеток во 19 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба po povod prazniкот посветен на „Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
На станарите од зградата на улицата „Лазо Трпоски“ бр. 55 им прокиснува
Станарите кои живеат во зградата на улицата „Лазо Трпоски“ 55 се плашат дека при секои пообилни врнежи од дожд ќе им капе од кровот. Пред еден месец тројцата доверители ја отвориле едната страна од чатијата кадешто треба да се гради поткровјето и ја оставиле така, без да ја заштитат. Вчера ставиле неколку ламарини кои ветрот ги оддувал, па наместо да ги заштитат, станале дополнителна опасност. Станарите бараат под итно да се реши проблемот за што пријавиле и во градежниот инспекторот. Доверителите ветуваат дека уште утре ќе го санираат кровот.
Спроведени контроли на автобуси и други возила за јавен превоз на патници
СВР Охрид спроведе акциски контроли на автобуси и други возила што вршат јавен превоз на патници.
Дванаесетта акција на неформалната организација Чист Охрид
По втор пат ќе се чисти просторот кај Ресторан Европа (Полигон), оваа недела 19-ти јуни. Од „Чист Охрид“ со апел до надлежното
комунално претпријатие и Град Охрид, да се постават корпи на ова место, како и апел до граѓанитена Охрид да не фрлаат ѓубре и да ја чуваат животната средина.
Француска вечер на „Охридско лето“ со звуците на харфа
Фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе ја организира традиционалната Француска вечер на која ќе настапи француската харфистка Елоиз Карлеан-Џонс. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
Денес ќе биде објавена програмата на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“
Најпознатиот македонски фестивал „Охридско лето“ ќе ја претстави програмата за новото – 56-то по ред издание.
Манастирскиот комплекс Св.Спас во Г.Лакочереј привлечна дестинација за туристите од Источна Европа
Новоизградените конаци на манастирот нудат одлични услови за сместување, додека природата во која е изграден Св.Спас е вистински рај за сите посетители.