Skip to main content
Фев 14, 2022

Од денес започнува скрининг-тестирањето на населението по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава, со цел да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки.


Јун 10, 2016

Охриѓани во наредните пет дена ќе имаат можност да видат дваесет долгометражни и 40 краткометражни филмови од целиот свет.


Јул 30, 2021

Тенорот Алесандро Фантони и пијанистот Џорџо Мартано гостуваат на фестивалот Охридско лето. Тие ќе настапат со лирски репертоар од традиционални италијански арии. За нив е голема чест што се дел од Италијанска вечер која се одржува традиционално на фестивалскиот репертоар на Охридско лето.


Јун 10, 2016

Учествувај и оформи си бенд – биди дел од АЛО 2 Фест. И годинава добра музичка понуда од алтернативната сцена ќе биде дел од фестивалот АЛО2. Организаторите, Центарот за интегриран развој на Охрид ветуваат многу забава со богати и креативни содржини и се разбира и добра дружба.


Јун 10, 2016

Првата група израелски туристи синоќа слетаа на охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“. Израелските гости оваа сезона ќе летуваат на охридската ревиера и според очекувањата до 23 октомври годинава треба да пристигнат околу 5000 израелци.


Јун 10, 2016

Од утре до 26-ти јуни во Охрид ќе се одржува 49-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.


Јун 10, 2016

Семејството на 48-годишниот Ристе Алексиески, кој веќе седми ден е исчезнат, денес 10-ти јуни  организира потрага по него.


Јун 9, 2016

Охридскиот историски Архив поседува едно огромно богатство кое што допрва ќе биде преведувано и јавноста ќе биде запозната со содржините. Оваа Установа може да се пофали со импозантна збирка на ракописи на турски, словенски и старогрчки јазик од 14 век на ваму, како и со библиотека на книги кои припаѓаат на новиот период после 1945 година. Ова го истакна Славица Јанкоска директорката на подрачното одделение на оваа Установа во рамки на  одбележувањето на  Меѓународниот ден на архивите, кое годинава се одбележува по деветти пат под мотото „Архиви, хармонија и пријателство”.