Skip to main content
Јун 8, 2016

Утре  четврток (9 јуни 2016) во 17:30 часот , на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ пристигнува првата група туристи од Израел со израелскиот тур-оператор „Аркиа интернационал“.


Јун 7, 2016

До наесен треба да завршат сите зафати на комплексот Св. Богородица Перивлепта. Интензивно се работи на конаците, а се интервенираше и на камбанаријата и на фрескоживописот во црквата. Се се прави со пари добиени од американската амбасада.


Јун 7, 2016

Започна екстерното тестирање во основните и средните училишта во градов. Директорите велат дека се течело во најдобар ред, а учениците имаат само некои помали забелешки кои се испратени до Државниот испитен центар. Тестирањето треба да заврши на 11ти јуни.


Јун 7, 2016

Денес водата за пиење на ул „Марко Нестороски“, беше заматена. Таквата појава ги вознемири жителите на оваа улица и побараа одговор од надлежните од МЈП „Проаква“, на што се должи таквата состојба како и тоа дали водата може да се употребува.


Јул 30, 2021

Стружанецот Ергин Борова кој години живее во Амстердам Холандија сонува за изградба на центар за згрижување и развој на децата со посебни потреби во регионов.


Јун 7, 2016

Реконструкцијата на ул „Стив Наумов“, влезена е тригодишната програмата за развој на комуналната сфера на територијата на општина Охрид, информираат од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици. Согласно истата програма за брзо време предвидена била санација на патот, расчистување од тревнатата површина, осветлување, а доколку налагаат условите може да се планира и изградба на повеќенаменско детско игралиште.


Јун 7, 2016

Вчера во полициската станица Охрид, 32-годишна охриѓанка пријавила дека истиот ден околу 12.30 часот 73-годишен жител на градот извршил полов напад врз нејзината седумгодишна ќерка.


Јун 7, 2016

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 9 јуни 2016 година (четврток), во манастирот   „Вознесение Христово – Свети Спас“ – горно Лакочереј Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.