Skip to main content
Јул 19, 2018

Од денес до 22-ри јули Охрид ќе биде домаќин на првото издание на фестивалот на нов европски филм „Beach film festival“.


Јул 18, 2018

Пет девојчиња кои биле качени на педалинка ќе настрадале во близина на плажата Немо. Овие реквизитите за забава во вода сеуште преставуваат најголема опасност во летниот период. Тие не се ставени под законска контрола, а капачите многу често вршат претовар или пак се качуваат на педалинка без задолжителните елеци за спасување. Додека не се донесе закон со кој ќе се регулира користењето на овие реквизити на вода се апелира до инспекциските служби и до полицијата да бидат побудни и поригорозни во контролите.


Јул 18, 2018

Жителите на Стар град не бараа рампи и не се должни да плаќаат за картички, кажа Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција. Од ОК на ВМРО ДПМНЕ бараат Градоначалникот да го поништи решението. Обвинуваат дека зонското пракирање и режимот на сообраќај во стариот дел на градот се избрзани проекти со низа недостатоци.  


Јул 18, 2018

Јане Петков, кој постави гинисов рекорд на Охридското езеро и стана познат како човекот амфибија кој плива со врзани раце и нозе со ланци и во вреќа им  откри на охриѓани дел од тајните кои му помагаат при неговите подвизи. Петков  открива дека практикува јога, вештини на користење на мислата и концентрацијата. Планира да отвори училиште за млади на кои ќе им го пренесе знаењето за да постигнат резулатати во  спортот и да го сочуваат своето здравје. 


Јул 17, 2018

Уште една природна реткост ќе се искористи за туристички цели. Поствулканската појава Дувало ќе се заштити и  ќе се промовира со цел истата во иднина да стане атрактивна туристичка дестинација. Проектот, кој се спроведува од страна на Здружението за одржлив развој “Синиот Проект” од Охрид, е дел од Програмата за подобрување со управувањето на заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.


Јул 17, 2018

Едно охридско семејство пријавено за да згрижи деца без родителска грижа. Засега има само неколку семејства кои згрижиле девет дечиња на различна возраст. Во тек е владина кампања која ги мотивира граѓаните да згрижат деца  кои се лишени од  топлината на семејниот дом.   


Сеп 15, 2021

И покрај сите наши напори и заложби на секој можен начин, за жал добивме одговор дека имаме забрана да присуствуваме на утрешното дерби помеѓу екипите на РК „Охрид“ и РК „Струга“, објавија на официјалниот профил од навивачката група „Рибари“ од Охрид.


Јул 16, 2018


Во  Завод и музеј во пораст се приходите од продадени влезници во Самоилова тврдина и во Заливот на коските. Според остварениот приход од посетите на културно- историските локалитети  првото место го држи Самоилова тврдина. Во иднина , институцијата има намера  трендот на растечките приходи да го стимулира со осмислување на  нови содржини.