Skip to main content
Ное 2, 2018

Охридските еколошки свесни производители на овошје и зеленчук  реагираат дека затајува инспекциската контрола врз посевите. Обучените инспектори досега нити еднаш не направиле контрола врз употребата на хемиските препарати. Од друга страна пак многу мал е бројот на  еколошки свесните и едуцирани земјоделци и овоштари.


Ное 2, 2018

„Wallbe“ електрични полначи за хибридни возила, поставени на две локации во строгиот центар на градот.Користењето на овие возила во Македонија е во почетна фаза, но глобалните трендови кон кои цели државата и општините се во насока на користење на обновливи извори на енергија, со цел зачувување на животната средина


Ное 2, 2018

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, изминатиов период се врши санација на ударните дупки низ градот.


Ное 1, 2018

Проаква го доби во владение водоводот во селото Долно Лакочереј. Со новите измени во Законот за води само претпријатијата кои стопанисуваат со вода за пиење имаат право да управуваат со системите за водоснбдување . Анализите на водата направени од центарот за јавно здравје подолго време покажуваа дека жителите од повеќе селски водоводи  пијат бактериолошки неисправна вода .


Ное 1, 2018

Градоначалникот Јован Стојаноски, денес оствари средба со амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин. Ова е прва посета на новоименуваниот руски амбасадор на Охрид. На средбата присуствуваше и Велимир Стојкоски, почесниот конзул на Русија во Македонија, со седиште во Охрид.


Ное 1, 2018

Во однос на Предлог -одлуката за утврдување нацрт- детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3-опфат 5, КО Охрид 3, Oпштина Oхрид , плански период 2013–2018, што се најде на дневен ред на 17-та седница на Советот на Општина Охрид , градоначалникот Стојаноски за медиумите  изјави:


Ное 1, 2018

Синоќа во х.Метропол започна со работа 6 Конгрес на психијатрите на Македонија. “Психијатријата и менталното здравје во 21 век“ е темата на која ќе расправаат македонските психијатри и еминентни стручњаци од светот. Пред учесниците во името на градот домаќин, се обрати заменик градоначалникот Константин Георгиески.


Сеп 21, 2021

На стартот од новата учебна година пристигнуваат реакции од родителите дека нема учебници по сите предмети во училиштата. Од Министерството за образование и наука тврдат дека има учебници. На терен пак, училиштата се снаоѓаат во условите кои ги имаат. Во некои училишта има вишок на учебници по природните науки, а со години недостасуваат учебници по одредени предмети.