Во недела авионско прскање против комарци
Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во недела на 22 мај 2016 год.ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).
СВР Охрид: „Среќни и безбедни матурски вечери“
Во пресрет на матурските прослави, СВР Охрид ја отпочна превентивно- едукативната кампања „Среќни и безбедни матурски вечери“. Претставници од оделението за превенција, пред учениците презентираат низа мерки за безбедност при одржувањето на матурските прослави.
Дел од кејот на езерото повторно узурпиран со урбана опрема
Дел од кејот на езерото повторно узурпиран со урбана опрема. На тротоарот на улицата „Коста Абраш“ угостителските и хотелските објекти особено во летниот период поставуваат маси и столици. Дали за тоа се плаќа надомест на општината или некој на своја воља си го узурпирал просторот.
Охридската цреша ќе се извезува на рускиот пазар
Охридската цреша ќе се извезува на рускиот пазар.
Охриѓанецот Алаедин Неби изработува уникатни сувенири и предмети од ореово дрво со седеф
Охриѓанецот Алaедин Неби изработува уникатни сувенири и предмети од ореово дрво со седеф.
Судската администрација во Охрид повторно на штрајк
Судската администрација денес повторно излезе на штрајк. Административците ќе штрајкуваат се до исполнување на нивното барање, за зголемување на платата. Борче Митрески, претседателот на Здружението на судската администрација вели дека нема логиката единствено тие да бидат изоставени од пакетот на зголемување на платите во македонскиот правосуден систем.
Охридските стопанственици со нова можност до европските фондови
Бизнисмените од Охрид имаат нова можност да користат средства од европските фондови во повеќе сектори. Досега, во регионов, од овие фондови се искористени најмногу средства во развој на прехранбената индустрија. Земјава во последните години има драстичен раст во користење средства од Ипард програмите во разни дејности.
Општина Охрид ќе спроведе курсеви за електро и машинска струка за невработени лица
Општина Охрид, објави конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви за основни познавања од електро струка и основни познавања од машинска струка за невработени лица од Општина Охрид.