Skip to main content
Јун 26, 2018

Во Велгошка река е забележана појава на пена од непознато потекло. Жителите од околните куќи се загрижени. Бараат надлежните да утврдат за што станува збор и дали таа појава е опасна за луѓето и природата, затоа што според велгоштани, дел од месното население водата ја користи за наводнување.


Јун 25, 2018

Преку музика и изучување на германскиот јазик до зближување на децата од Македонија, Албанија и Косово. Ученици од три партнерски училишта на Гете Институтот одржаа летен камп во Охрид. Од нашиот град партнер училиште е Григор Прличев каде што се одржуваа работилниците.


Јун 11, 2018

На градскиот плоштад „Чинар“, вечерва, градоначалникот Јован Стојаноски, по повод празникот Рамазан Бајрам, за граѓаните од  муслиманска вероисповед, приреди ифтарска вечера.


Јун 8, 2018

Општина Охрид активно учествуваше во работата на петтиот глобален состанок на официјалните делегации на Европската мрежа на езера, како и деветтото издание на Фестивалот на езерата.


Јан 18, 2022

Владата на Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.


Јун 8, 2018

Во рамки на тренинг програмата „Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“ беа вклучени и учениците од ОУ „Григор Прличев“. На повеќе од 70 ликовни цртежи на тема „Мојата визија за Кеј Македонија“, учениците, го искажаа својот став за тоа како го замислуваат овој дел од градот.


Сеп 14, 2021

На денешната седница 106. седница Владата усвои Информација за креирање, реализација и имплементација на соодветен информациски систем за дигитализација на туристичко-угостителскиот сектор е-туризам.


Јун 8, 2018

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски денеска во својот кабинет ја прими Ајше Хасан која  го понесе  македонскиот тим  на врвот со четири златни медали во четири категории на Светскиот натпревар   „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа  во Кембриџ, Англија.