Завршија годинешните „Игри без граници“
Вчера се одиграа финалните натпревари од училишните игри без граници 2015/2016. Најуспешни беа учениците од ОУ Христо Узунов.
Нападнат припадник на шумска полиција
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид.
Локалната со повик до туристичките работници за бесплатна презентација на капацитетите
Оваа бесплатна презентација локалната ќе ја прави преку touch screen инфо пултовите поставени на неколку локации низ градов. Од вкупно шестте кои поставени низ градот, во моментот функционираат само четири.
Охрид евтина туристичка дестинација за холанѓаните
Охрид е најубавото место во Македонија со сите свои културно историски знаменитости и природни богатства. За тоа зборуваат впечатоците на нашите иселеници од Холандија, кои пред 4 децении ги напуштиле своите родни огништа, заминувајќи на печалба. Некои од нив денес имаат и семејства во оваа земја.
Центарот за обука на пилоти бара нови регрути за потребите на АРМ
Во 18 месечната обука која тие ја спроведуваат, кандидатите не само што ќе добијат можност да станат воени пилоти туку оние кои ќе бидат избрани ќе добијат и вработување во Армијата на Република Македонија. Потребно е само завршено високо образование и не повеќе од 28 години.
Концерт на камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски Ѓумар“
Вечерва на програмата на фестивалот „Охридско лето“ во Црква Св.Софија, во 20:00 ч, концерт на камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски Ѓумар“.
Локалната бара зголемена полициска присутност кај новите кружни текови
Кружните текови кај Гимназијата и на пресекот на „Туристичка“ со „Абас Емин“ проблематични за пешаците. На овие кружни текови не се обележани пешачките премини. Бидејќи комплетирањето на градежните работи ќе потрае, од Локлната бараат на овие места поголем мониторинг од сообраќајната полиција.
Грчкиот Митрополит оствари средба со Дебарско-кичевскиот Митрополит г. Тимотеј
Грчкиот Митрополит, г. Дамаскин вчера имал средба и со Дебарско-кичевскиот Митрополит г. Тимотеј во седиштето на епархијата во Охрид.