Skip to main content
Мај 11, 2016

Со песна, игра смеа и по некоја солза дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ кои се во најголемите групи ја завршуваат оваа учебна година. Тие од наесен ќе бидат првооделенци во некое наше основно училиште. Завршната приреднба некои од школите ја искористија за да се промовираат пред родителите и децата.


Мај 11, 2016

Возачите бараат Локланата да ги санира ударните дупки по охридските улици. Надлежните служби при секторот за комунален развој, сообраќај и патишта велат дека веќе се детектирани овие ударни дупки и нивната санација е ставена во планот за работа за тековната 2016та год.  Ветуваат дека за престојнава туристичка сезона инфраструктурата во градов ќе биде во солидна кондиција и дека возачите ќе можат да возат по асфалтирани и уредени улици.


Мај 11, 2016

Се одржа промоција на СОСУ„ Св Кирил и  Методиј“ преку виртуелни компании.


Мај 11, 2016

Во рамки на кампањата „За сите деца“, промовирана е првата сликовница на турски јазик во градинката Росица. Целта е да се негуваат и научат правилните животни навики за добро однесување, што се стекнуваат до 6 годишна возраст, за да останат како трајни вредности.


Мај 11, 2016

 Во Охрид  не постои енигматски клуб, поранешните енигматичари посакуваат негова реафирмација.


Мај 11, 2016

Македонија е добро позиционирана да може да учествува во активен туризам, но потребно е многу да се работи на развивање на мрежите, за да придонеаст за квалитетна услуга, истакна американскиот амбасадорот Џес Бејли, на Балканскиот самит кој се одржува во Охрид. Со учество на повеќе од 300 делегати, експерти од областа на туризмот и новинари од 25 влијателни светски медиуми, интернет блогери и други професионалци, заедно со 65 светски туроператори од А листата и 17 домашни агенции, денес се одржа работниот дел на „Adventure NEXT Balkans“.


Мај 11, 2016

Црквата Свети Ѓорѓија е македонски православен христијански црковен храм во градот Охрид. Поточно, црквата се наоѓа во источниот (горниот) дел на градот, на крајот на населбите Расадник и Горна Влашка Маала, во близината на Градската општа болница и кружниот тек на патот кој води кон селото Велгошти и во правец на Битола. Црквата е изградена во 1834 година, а камбанаријата е изградена во 1950 година.


Фев 24, 2022

За седум дена во неделата – седум предлог книги кои веќе може да се зајмат во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.