Охридските градинки подготвени ги примија децата
Направена е дезинфекција на просториите, мебелот и играчките. Предшколските групи се проширени со деца, а е ангажиран доволен број на воспитувачи и негуватели кои се грижат за нив.
Промотивна тура Охрид 2018та
На 2-ри и 3-ти Јуни во заедничка соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РM и ТАВ беше организирана промотивна тура Охрид 2018. На промотивната тура учество зедоа 7 новинарски екипи од Нордика – Естонија.
ЈП „ОХридски комуналец“ денес го средуваа средишниот појас на потегот од Охрид до Св. Стефан
Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, но и средување на околината на градот во пресрет на сезоната, екипи на ЈП „ОХридски комуналец“ денес го средуваа средишниот појас на потегот од Охрид до Св. Стефан.
Цветни балкони за цветен Охрид
Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “ . Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците:
Нови мерки за побезбеден сообраќај во Охрид
Во склад со светските трендови и начинот на сообраќање во светските туристички центри, интенција на актуелната локална власт е да го редуцира сообраќањето во старото градско јадро и во центарот на Охрид. Со тоа ќе се даде поголема важност во сообраќајот на пешаците, велосипедистите и моторциклистите, беше заклучено на дебатата за новиот систем на наплата при зонско паркирање и начинот на сообраќање во Охрид што синоќа се одржа во општина Охрид.
Во летната сезона отпадот ќе се подига од 6 часот наутро
Заради зголемениот обем на работа во летниот период Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека почнувајќи од 01.06.2018 год. комуналниот отпад ќе се подига од 06.00 часот наутро.
Основачко собрание на Локална акциона група, ЛАГ, – Агро концепт
Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа основачкото собрание на Локална акциона група, ЛАГ, – Агро концепт,на коешто присуствуваа градоначалниците на Општина Охрид и Општина Дебрца, Јован Стојаноски и Зоран Ногачески , чинители на јавниот,граѓанскиот,невладиниот и бизнис секторот.
Охриѓанката Ајше Хасан е една од најталентираните интелектуалци во светот
Ајше Хасан е една од најталентираните интелектуалци во светот. Оваа матурантка од колеџот Јахја Кемал го понесе македонскиот тим на врвот со четири златни медали во четири категории на Светскиот натпревар „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа во Кембриџ, Англија. Охриѓанката Ајше сонува еден ден да работи во НАСА.