Во туристичкиот сектор e потребно создавање нови производи и понуди
Треба да се работи на подобрување на слабите алки кои го сочинуваат. Меѓу барањата на туристите се престој во авто кампови, за што треба во постоечките сериозно да се вложува за да се обезбедат Европски стандарди.
Глигор Стојковски годинешен лауреат за најдобра поема “Григор Прличев”
“Завет, јад” со поднаслов “Кирил 1830, Кирил 2001” е поемата која ја доби честа да биде дел од долгата низа поетски восклици кои низ годините ја понесоа оваа ласкава титула.
Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата
Градинката „Јасна Ристеска“ води посебна грижа за здравјето на дечињата и нивниот правилен раст и развој. Тие имаат зацртано спроведување на повеќе проекти од областа на здравството. Од средината на февруари ќе се прават систематски прегледи на децата од три до шест години.
Охридските пчелари се едуцираа
Медот да се купува само од познати пчелари, препорачуваат експертите по пчеларство. Синоќа охридските пчелари имаа можност да се едуцираат за ридско планинското пчеларење и брзиот развој на пчелните семејства, во присуство на истакнатиот проф по пчеларство Ѓоко Зечевиќ кој доаѓа од соседна Србија.
Шанса за младите земјоделци
Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството, објави оглас во кои е наведено дека сите што сакаат да се занимаваат со земјоделска дејност, а немаат наполнето 40 години, ќе може да аплицираат за Субвенции за млади фармери.
Интересна изложба и промоција на книга на дедо и внука
Освен роднинската врска, денешниот заеднички настан ја поврза и креативната нишка во која беа изложени цртежи изработени со секојдневни предмети, но и четиринаесет раскази создавани во еден подолг период.
Асфалтирање на ударните дупки и реконструкција на тротоарите на „АСНОМ“
Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици велат дека во моментот немаат средства за целосна реконструкција на коловозот.
JП „Охридски комуналец“ ќе отвори депо за бесплатно одлагање на кабаст и зелен отпад
Дневно, службите на комуналното претпријатие расчистуваат од градот и околината и по 16 метри кубни диво депониран отпад и градежен шут. Повикуваат инспекциските служби и поддрачното министерство за внатрешни работи да постапуваат по Законот за јавна чистота и да ги санкционираат прекршителите.