Нафтените деривати поевтинуваат од полноќ
Од полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати.
Вандали го уништиле новопосадениот дрворед на патеката Студенчишта
Непознати сторители ја откорнале поставената рампа на пешачката патека Студенчишта и ги уништиле посадените дрвца на новоизградениот дел на потегот од Бела Виста до Кадмо.
Трпејчани ќе добијат канализациона мрежа и пречистителна станица
Локалната самоуправа обезбедила средства за изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица во Трпејца.
Грозданов: Ќе се продолжуваат договорите за социјалните станов, без право на откуп
Социјалните станови во Охрид кои се изградени заедно со Централна Европска банка, наменети за лицата кои што немаат кров на главата, во моментов нема можност да се откупуваат, открива Цветко Грозданов, директорот на Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на Р. Македонија. Тој вели дека договорите ќе бидат обновени за сите корисници на станот кои го почитувале договорот за закуп.
Хуманитарни пакети за ранливата категорија граѓани
Хуманитарни пакети за ранливата категорија граѓани на Охрид, пред Велигденските празници. Пакетите содржат средства за хигиена и прехранбени производи, а се збогатени и со производи кои во рамки на Неделата на солидарност беа собрани од страна на хуманите граѓани, пред се во училиштата.
Наскоро поделба на МЈП „Проаква“
Се очекува извештајот од делбениот биланс на Меѓуопштинското ЈП „Проаква“, кој треба да покаже колку должи јавното претпријатие во Охрид, а колку во Струга. Потоа може да се очекува поделба на МЈП Проаква помеѓу Охрид и Струга. Се очекува Р.Е Колектор да стане ЈП на државно ниво.
Денес е Велики Петок-најтешкиот ден во православието
Православните верници денес го празнуваат полагањето Исусово во гробот или Велики Петок. Денес е денот кога се изнесува плаштеницата во која се повива спасителот и се поставува во средината на епитаф кој го означува гробот Христов.
Граѓаните кои се возат со јавниот градски превоз велат дека комбињата се веќе претесни
Поради големиот интерес за користење на градскиот превоз граѓаните кои се возат со него велат дека комбињата се претесни. Бараат превозникот или да вклучи во превозот поголеми комбиња или пак да зачестат како не би се создавала гужва. Од АД „Галеб“ прават напори да изнајдат соодветно решение, а и од Локалнатаи ветуваат дека до почетокот на летото кога се и најголемите гужви ќе го решат овој проблем.