Skip to main content
Апр 6, 2016

„Асоцијацијата Спорт за сите, сите за спорт“ со низа активности  го одбележа денешниот меѓународен ден на спортот. Тие сакаат секој ден да го направат ден на спортот и ќе се потрудат да понудат многу содржини од рекреативен карактер  и врвен спорт во градов.


Апр 6, 2016

Охриѓанчињата од градинките  се вклучија во  одбележување на  Меѓународниот ден на спортoт.


Апр 6, 2016

Во Македонија од заостанати експлозивни направи од Втората светска војна, настрадале многу наши сограѓани. Денес цивилните инвалиди здружени во Национален Совет, традиционално по 40 ти пат го одбележуваат 6 ти април. Од таму до сите граѓани апелираатваат доколку дојдат во допир со непознат предмет, да не го пипаат туку да го пријават во најблиската полициска станица.


Апр 5, 2016

„Џган“ е новиот македонски дебитански игран филм на Вардан Тозија, кој охриѓани имаа можност да го погледнат вчера во ЦК „Григор Прличев“. Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски.


Апр 5, 2016

Законот за вршење угостителска дејност претрпе измени во корист на приватните станоиздавачи. Им се овозможи на приватните станоиздавачи кои се наоѓаат под ист покрив да можат легално да ги издаваат леглата. Ова е резултат на едногодишната борба на Локалната самоуправа и ТЛЕР, со подршка на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Министерството за економија, а најмногу на  залагањето на охридските пратеници.


Апр 5, 2016

Реакција за отчетот на градоначалникот Никола Бакрачески и низа обвинувања, изнесоа охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Тие на позицијата и порачаа, дека времето на Никола Груевски и Никола Бакрачески поминало и дека доаѓало времето на соочување со одговорноста за криминалното владеење. Од таму кажаа дека вистинскиот отчет ВМРО-ДПМНЕ ќе го добијат по демократските избори, кога ќе се соочат со одговорноста за криминалното владеење во изминатите 10 години, на штета на граѓаните.


Јул 24, 2021

Водата од водоснабдителниот објект во сопственост на МЗ с. Пештани и плажа „Оревче“, МЗ с. Елшани и МЗ с. Велестово, водата се забранува за пиење.


Апр 5, 2016

 Понатамошниот опстанок на жолтиот локвањ кај Мазија зависи од еколошки чистата средина.