Пратеникот Томислав Тунтев поднесе предлог Закон за измени во Законот за заштита од пушењето
Пратеникот од СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, како овластен предлагач, во Собранието на Република Македонија поднесе предлог Закон за измени во Законот за заштита од пушењето, со кој се предвидува одредено олабавување на постоечките строги и ригирозни законски одредби.
Вечерва хуманитарен концерт во чест на Андреј Лаброски
Вечерва ќе се одржи хуманитарен Jam session, во чест на младиот охридски музичар Андреј Лаброски, кој беше член на Ансамбл Билјана.
Охриѓани за Новогодишната ноќ, дома и на плоштад
Новогодишните и Божиќните празниците се ближат, но кој како ќе ги помине е прашање на кое со точност не може да се одговори. Охриѓаните кои ТВМ ги анкетираше секој со својата приказна. Некој со повеќе, некој со помалку, празниците ќе дојдат и ќе поминат. Остануваат само желбите на оние, на кои Дедо Мраз не им ги исполни, и се разбира главоболките, како да се помине првиот месецот во Новата 2016 год со тоа што останало.
Општинскиот Совет за безбедност со нови проекти
Велосипедско поврзување на Охрид и Струга , велосипедска патека за секоја охридска улица и формирање на ученичка сообраќајна единица, се три проекти кои ќе бидат реализирани наредната 2016 година, обелоденува претседателот на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата Стефан Димоски. Но паралелно ќе течат и останатите активности за едукација и превенција во безбедноста во сообраќајот на таргет групите, односно најмладите, пензионерите и лицата со посебни потреби.
Ракометарот Иван Тасески избран за најдобар спортист за 2015та година
Сојузот на спортови од Охрид денес ги додели признанијата на заслужните спортисти кои измината година успешно го презентираа Охрид на домашни и меѓународни натпреварувања.
Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид ја одбележа својата 60 годишнина
Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид ја одбележа својата 60 годишнина. Тие се задоволни од грижата на државата и локалната во подобрувањето на квалитетот на нивниот живот. Годинава што изминува ќе ја паметат по тоа што го остварија правото на глувост, а тоа им е мотив за да продолжат со борба и во наредната година за остварување на своите права.
1-ви јануари, неработен ден за сите граѓани на Мaкeдонија
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ,1 јануари 2016 година (петок), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Завршен хепенинг на дечињата од Јасна Ристеска
Околу 380 дечиња од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, учествуваа на завршниот хепенинг на градскиот плоштад. Тие, со многу музика, песни и игра, на своите сограѓани им посакаа среќа и успех во следната година. Исто така упатија порака и до дечињата кои не одат во градинка преку една прекрасна забвава да ги привлечат и нив во занималните.