Во Охрид нема СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство
Членовите на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените која функционира во рамките на Советот на општина Охрид бараат сериозно да се разгледа проблемот со немањето СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство. Покрај отварањето ваква линија, членовите на комисијата ќе се ангажираат и за отварање шелтер центар во охридскиов регион.
Спортот во Охрид маргинализиран, сметаат опозиционерите
Ракометниот Клуб „Охрид 2013“ камен на сопнување на вчерашната седница. Опозиционерите тврдат дека сите општински пари наменети за развој на спортот во градов одат за овој клуб чиј претседател е секретарот на општината. Секретарот пак, ги демантира ваквите инсинуации и рече дека општината се труди да финансира секаде каде што може.
Лозано утревечер со настап во Охрид, влезница бараат и гости од регионот
Една од нашите најголеми музички ѕвезди, миленикот на сите генерации, Влатко Лозаноски – Лозано овој петок (утревечер) ќе одржи голем концерт во Охрид.
Ќе се уредува локалитетот „Сини Вирови““
Локалитетот, Белчишко Блато или „Сини Вирови“ е еден од најголемите сочувани еко системи во Македонија. Општина Дебрца, заедно со Грција, преку Европската Унија за погранична соработка, до 31 Март треба да аплицира со проект, за уредување на ова парче недопрена природа, каде е предвидено да се изгради пристапен пат, видиковци, пешачка патека и паркинг простор.
Обуки за гранична контрола во Охрид
Во рамките на проектот финансиран од ЕУ за „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“, во текот на оваа недела во регионалниот центар на Граничната полиција – во Охрид ќе се одржуваат обуки за анализа на ризици во сферата на граничната контрола, како и за новиот концепт за управување со ризици.
Oхридските советници со жестоки дискусии ги усвоија извешатите за урбанистичките планови за 2015 -2017
Oхридските советници со жестоки дискусии ги усвоија извешатите за урбанистичките планови за 2015 -2017.
Речните корита во градов чисти, се работи на расчистување и на околните
Иако за нашиот регион не се предвидуваат пообилни врнежи од дожд, општинскиот штаб за заштита и спасување ги презел сите превентивни мерки за спречување на евентуални несакани ситуации.
Поднесете годишна даночна пријава
Уште два дена граѓаните имаат можност да поднесат даночна пријава до УЈП. Крајниот рок истекува на 15 март.