Се реновира училиштето во Оровник, Дебрца
Реконструкција, изградба на нови училишта се реални проекти за чија што реализација сериозно се зафати градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Во моментов се реконструира стариот објект во Оровник, а следува реконструкција или изградба на нов објект во село Лешани.
За месец дена Охрид ќе ја добие финалната верзија од стратегијата за развој на туризмот
Во моментов стратегијата во нејзината работна верзија е веќе завршена, а инволвираните чинители во наредниов период ќе ги гланцаат и последните детали како Охрид конечно за прв пат би добил ваков документ за развој на туризмот.
Општинскиот инспекторат има нов комунален инспектор
Општинскиот инспекторат има нов комунален инспектор. Дали сега граѓаните ќе можат полесно да си ги решат комуналните проблеми кои тапкале во место поради немање на инспектор. Од Локалната убедуваат дека и досега немало застој во работата на инспекторатот.
Оштетен бетонски ѕид во Велгошти се заканува целосно да се урне
Велгоштани бараат да се санира потпорниот ѕид во близниа на основното училиште „Живко Чинго“ и спортската сала. Ѕидот се урнал од невреме кое го зафатило охридскиот регион во октомври минатата година, тврдат жителите. Тие укажаа дека бетноски дел паднал токму на патот кој што вообичаено го користат децата од училиштето и спортистите кои вежбаат во салата.
Тајните на Охрид: Билјанини извори
Дали се облеани со сонце или покриени со снег, нинкогаш ниту за миг не губат ни малку од својата убавина, денес ви ги претставуваме Билјанините извори.
Партерно уредување на просторот пред „Охридска Банка“
Градежната оператива на Јавното претпријатие „ Градски гробишта“ започна со партерно уредување на локацијата пред „ Oхридска банка“ и Регионалниот центар на ЕВН.
Нови интересни наслови во Градската Библиотека
Најновиот избор од нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ го сочинуваат осум наслови во издание на Топер и Антолог.
Одбележан Светскиот ден на бубрегот во Охрид
Годишно на одеделението за урологија при општа болница Охрид, се прават околу 700 оперативни интервенции на бубрег. Бројката на операции е во пораст, истакна д-р Горан Балевски, кој денес во гимназијата „Св Климент Охридски“одржа едукативен час, пред учениците од прва и втора година, за болестите на бубрезите и за превенција.