Интернационален успех на охридските мозочиња
На Интернационалниот Бреинобреин натпревар кој по четврти пат се одржува во Дубаи, ОАЕ, како претставници на Македонија учествуваа 10 деца од нашиот Центар за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, предводени од тренерот на програмата. Во исклучително силна конкуренција сите наши бреинобреин генијалци покажаа огромен успех и знаење и освоија награди и тоа: 2 трофеи, 7 златни и 1 сребрена медаља.
ОК ВМРО ДПМНЕ: Веднаш да се исплатат платите на вработените во охридските училишта
Наместо горди просветни работници на својата професија, има пародија на образованието и животот на вработените во охридските основни и средни училишта кои се уште не ја зеле октомвриската плата, обвини на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.
Општина Охрид организира прва форумска сесија на тема „Зајакнување на општинските совети”
Општина Охрид организира прва форумска сесија на тема „Зајакнување на општинските совети”. На форумските сесии ќе се предлагаат и изберат важни проекти од областа на социјалната инклузија во општина Охрид. Избраните проекти ќе бидат финансирани со средства од УНДП и Швајцарската амбасада во Република Македонија.
Денови на Јустинијан I во Охрид и Ресен
Денeс во Охрид отворено шестото издание на Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“, во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ – Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Универзитетот во Болоња, со поддршка од општините Охрид и Ресен, Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, како и од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.
ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ОХРИД ПРЕТСТАВЕНИ НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО ПОЛСКА
Општина Охрид е дел од македонскиот тим кој учествува на 25-то издание на Меѓународниот саем за туризам што се одржува од 22-ри до 24-ти ноември во Варшава, Полска. На настанот ќе бидат промовирани туристичките содржини на нашата земја пред полскиот туристички пазар.
За ЈП Градски гробишта годината на заминување е повеќе од успешна
За ЈП Градски гробишта годината на заминување е повеќе од успешна. Со домаќинско работење вратени стари долгови од пред шест години. Тековната годината ќе ја завршат со добивка од над 4 милиони денари.
Финансиска поддршка од Општина Охрид за Здружението за поддршка на лица со аутистичен спектар и атипичен развој
„Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој“ ќе добие финансиска поддршка од Општина Охрид.
Отчет на ЈП „Нискоградба“
Изминатава година Нискоградба работеше на низа проекти на локалната за изградба на фекална и атмосферска канализација и други инфраструктурни зафати и успеа да исплати голем дел заостанати долгови од минатиот период.