Белвица има доволно, но, намален е нејзиниот излов
Белвица има доволно, но намален е нејзиниот излов, поради повисоката температура на езерската вода за овој период од годината, велат од Пастрмка 2012 концесионер на Охридско Езеро. Претставникот Танас Танасоски, кажува дека сите заинтересирани лица кои сакаат на својата трпеза да ја имаат белвицата, можат да ја набават во нивните специјализирани продавници. Цената е 350 ден за килограм и засега нема да има нејзина промена.
Подобро осмислени менија за подобра празнична понуда
Храната еден од најдобрите инструменти за креирање на магични моменти. Во пресрет на престојните празници туристичките експертите ги изнесоа своите размислувања, за тоа како треба да изгледа понудата на празничното мени во. Во моментов, начинот на презентирање на храната е слабост во поголемиот дел во охридските угостителски објекти. Потребно е воведување на комбо техниката која претставува еден вид нов маркетинг, односно да се направи понуда на повеќе комбинации на јадења за пониска цена.
Докторите и пациентите во општата болница во Охрид тврдат дека во болницата нема греење
Дел од докторите и пациентите во општата болница во Охрид тврдат дека во болницата нема греење. Директорот на оваа здравствена установа објаснува дека тоа е само од времен карактер и дека проблемот кој настанал е надминат па греење ќе има и во новиот и во стариот блок на болницата.
Приведен 41-годишен охриѓанец кој на Водици нападнал сограѓанин
На 21-ви февруари по преземени мерки и врз основа на решение од Основен суд Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Ф.(41) од Охрид.
Здружението “Богојавление” се откажа од организацијата на Водици
Денеска на празникот Пречиста, традиционално се објавуваше името на новиот кум на манифестацијата. Но место тоа здружението преку соопштение ја извести јавноста дека организацијата на Водици 2016та и ја препушта на МПЦ.
Денеска се слават светите маченици Козма и Дамјан
Православните верници денеска ги слават Господовите лекари, Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан.
Симоноски: Одлуката за измена и дополнување на постоечко урбанистичко решение за гробни парцели е по барање на граѓаните
Донесена е одлука за дополнување на постоечкиот проект за парцијализација, а не за измена и дополнување на постоечкото урбанистичко решение за дел од комплексот градски гробишта, тврди првиот човек на ЈП „Градски Гробишта“, Зоран Симоноски. Ова следи после забелешката на дел од засегнати граѓани кои реагираа до нашиот медиум дека не се задоволни од една одлука со која тие нема да бидат на прва линија до зелениот појас, за што своевремено добиле такво право.
Охридскиот факултет за туризам гоодбележа својот јубилеј, 45 години
Јубилеите се момент да се присетиме на минатото и да кажиме нешто за визиите за иднината. Денес на 45 годишнината од формирањето на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, беше пренесено дека оваа установа прва ги проширила студиските програми од туризам во услужна дејност, што денес претставува најперспективен сектор во светската економија, со најбрз раст.