Исплатата на септемвриските пензии започнува во вторник
Владата синоќа ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец септември 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.09.2021 година, со препорака деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.09.2021 година.
РК Охрид го пречекува битолски Пелистер
Утре во СРЦ „Билјанини Извори“ Охрид го пречекува битолски Пелистер во 9тото коло во Супер лигата. Ракометарите најавуваат интензивен натпревар во кој ќе се игра пожртвувано за бодовите да останата во Охрид.
Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца даде отчет за едногодишното работење
Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца, даде отчет за едногодишното работење. Ногачески посочи дека финансискиот долг на општината е намален. Тој ги презентира сработените проекти, а ги сподели и претстојните зафати кои ќе се преземат за Дебрца да биде квалитетно место за живеење.
Охридското автохтоно вино вранец барик наградено на меѓународен саем на вино
Охридскиот вранец барик награден на седмиот по ред Меѓународен саем на вино „ЖУПА 2018“. На овој саем Охрид беше град партнер , а со промоцијата на Охридскиот регион и угостителската понуда на регионални и локални вина се отвараат нови можности за развој на туризмот.
Прво издание на дебатната „Прашалник“
Аудио-визуелна аргументирана дискусија на ТВМ телевизија, „Прашалник“, со уредникот и водител Соња Рилкоска, денес во 17:30.
Груевски во Будимпешта, бара политички азил
На фејсбук-профилот на поранешниот премиер Никола Груевски, по кого е распишана потерница заради издржување на двегодишна затворска казна, се појави порака дека тој е во Будимпешта и дека побарал политички азил од унгарските власти, откако последните денови добивал закани по живот.
Падна уставноста на ДУП за урбана зона еден во старото градско јадро
Падна уставноста на Деталниот урбанистички план за урбана зона еден во старото градско јадро. Уставниот суд ја укина одлуката на охридскиот совет донесена пред 4 години за измена на ДУП. Од поднесената иницијатива на граѓанин, уставниот суд увидел дека не се испочитувани одредби од Законот за Охрид.
Лилјана Ефтимовска назначена за В.Д. директор на ООУ „Григор Прличев“
Градоначалникот Кирил Пецаков, за нов В.Д. директор на ООУ „Григор Прличев“ ја назначи Лилјана Ефтимовска, професор по историја.