Реконструиран плоштадот во туристичката населба Љубаништа
Реконструиран мини плоштадот во туристичкиот бисер Љубаништа. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески вели дека ова разубавување на просторот локалната и јавните претпријатија го направиле на барање на мештаните. Најави дека за брзо време ќе ја разгледаат и можноста на доградба на овој плоштад со уште една рекреативна површина.
Голем интерес на охриѓани за проектот „Купи куќа за млади“
Голем интерес кај охриѓани за проектот Купи куќа за млади. Од страна на претставниците на министерството за финансии беа презентирани погодностите на проектот и условите за аплицирање преку една од двете можности односно субвенционирање на месечна рата и субвенционирање на учеството. Општина Охрид со цел подобра имплементација на проектот на заинтересираните охриѓани им нуди три опфати на земјиште за градба на домот од соништата.
Злоупотребени слики од фејсбук на охриѓани
Недолично видео, кое осамна на каналот Youtube, шокира пет охридски семејства. Во содржината на видеото биле употребени слики од деца, како и од дел од возрасните, а истите биле земени од профили на социјалната мрежа фејсбук. СВР Охрид работи на расветлување на случајот.
Охрид има потенцијал за спелео туризам
Две пештери во НП „Галичица“, кријат голем потенцијал за развој на спелео туризмот. За жал малкумина знаат дека и во охридскиот регион постојат вакви природни реткости, кои би можеле да привлечат голем број на туристи, пред се љубители на природата. Охридските спелеолози откриват можности за развој на овој вид туризам.
Повторно во функција семафорите кај ОУ „Христо Узунов“
Семафорите на крстосницата на улиците „ Питу Гули“ и „ Марко Нестороски“ во близина на Основното училиште „ Христо Узунов“ во Горна влашка маала , повторно се во функција.
Авионско поврзување Охрид-Белград
На работниот состанок помеѓу градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и менаџерскиот тим на „AIR SERBIA“ што деновиве се одржа во Белград , Р. Србија на кој главна тема на дискусија беше воспоставување на авио линија Охрид – Белград се разгледаа можностите истата да стартува од почетокот на месец јуни до крајот на октомври оваа година.
ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ
Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението.
Градските улици не се место за трка
Автомобилистот Игор Иџе Стефаноски денес ги подучуваше младите охриѓани како да се однесуваат во сообраќајот. Тој кажа дека тркачките патеки се место каде се вози брзо, а не градските улици. Ова е дел од караванот кој ги посетува градовите во Македонија со цел да ги едуцира младите за опасностите од брзото возење и непочитување на правилата и прописите во сообраќајот.