Skip to main content
Јул 17, 2018

Уште една природна реткост ќе се искористи за туристички цели. Поствулканската појава Дувало ќе се заштити и  ќе се промовира со цел истата во иднина да стане атрактивна туристичка дестинација. Проектот, кој се спроведува од страна на Здружението за одржлив развој “Синиот Проект” од Охрид, е дел од Програмата за подобрување со управувањето на заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.


Јул 17, 2018

Едно охридско семејство пријавено за да згрижи деца без родителска грижа. Засега има само неколку семејства кои згрижиле девет дечиња на различна возраст. Во тек е владина кампања која ги мотивира граѓаните да згрижат деца  кои се лишени од  топлината на семејниот дом.   


Сеп 15, 2021

И покрај сите наши напори и заложби на секој можен начин, за жал добивме одговор дека имаме забрана да присуствуваме на утрешното дерби помеѓу екипите на РК „Охрид“ и РК „Струга“, објавија на официјалниот профил од навивачката група „Рибари“ од Охрид.


Јул 16, 2018


Во  Завод и музеј во пораст се приходите од продадени влезници во Самоилова тврдина и во Заливот на коските. Според остварениот приход од посетите на културно- историските локалитети  првото место го држи Самоилова тврдина. Во иднина , институцијата има намера  трендот на растечките приходи да го стимулира со осмислување на  нови содржини. 


Јул 16, 2018

Во Белчишта  свечено  отворена интернационалната ликовна колонија “Дебрца – 2018”. Уметничката колонија е со 34 годишна традиција,  а галеријата е со богат сликарски фонд. Колонијата за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.


Јул 16, 2018

Останаа уште десет дена до големиот концерт, посветен на музиката на една голема група, NUMB – Tribute to Pink Floyd.


Јул 16, 2018

Јане Петков, човекот амфибија кој на 24 јули во Охридското езеро ќе се обиде да постави нов Гинисов рекорд со препливување на 3500 м. во вреќа и врзан со ланци, за охриѓани и гостите ќе  одржи интересно и уникатно предавање на кое ќе ги презентира посебните техники на дишење, концентрација и контрола на мислата, кои ги практикува при изведувањето на овој подвиг и воопшто како начин на живот.


Јул 16, 2018

Фестивалот „Охридско лето“  вечерва на љубителите на уметноста ќе им приреди концерт со најпознатите руски квартети од Петар Илич Чајковски и Дмитри Шостакович. Делата од руските композитори на публиката ќе и ги долови гудачкиот „Квартет Филхармонија“ .