ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА СУБВЕНЦИИ ЗА КЛИМА УРЕДИ
Општина Охрид започна со исплата на субвенциите за набавка на клима уреди за 84 домаќинства од Охрид. За оваа намена предвидени се вкупно 1 154 000 денари.
Оваа година нема доделување на Св. Климентовата повелба
Денес се разгледуваа пристигнатите апликации за добивање Св. Климентова повелба. Комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија одлучи оваа награда годинава да не биде доделена. Причина, малиот број на кандидати кои конкурирале за наградата.
„Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“
Само со јакнење на свеста на граѓаните и граѓанките за моќта која ја имаат на самиот ден на изборите ќе имаме фер и демократски избори, велат од центарот ЦИВИЛ. Тие бараат граѓанките и граѓаните на Охрид да бидат свесни и совесни граѓани на оваа земја за на идните генерации да им оставиме нешто друго, освен економски долгови.
Нема крај на социјалните проблеми за некои семејства во Охрид
Четири охридски семејства живеат во субстандардни услови во објект во централното градско подрачје. Од година во година куќата попушта, покривот капе, а дел од таваните се распукани. Надлежните засега со ветување дека на тоа место ќе никне Поликлиника и три станбени згради. Откако ќе се изградат зградите на семејствата кои моментално живеат тука ќе им бидат доделени станови.
Еко бусот пристигна во охридското ОУ „Христо Узунов“
Еко бусот пристигна во охридското ОУ „Христо Узунов“.
Реонскиот полицаец Ве советува
„Реонскиот полицаец Ве советува“ е насловот на едукативните предавања што СВР Охрид денес во 11 и 12 часот ќе ги реализира во основното училиште „Кочо Рацин“ во Охрид и во Долно Лакочереј.
Минирање и прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид
Поради изведување работи со минирање на патот А2 Кичево-Охрид, помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, денеска сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути.
Хотелиерите ќе се субвенционираат
Државата ќе прави напори за да се стимулираат хотелиерите за привлекување на домашни гости. Оваа идеја ХОТАМ ја оценува како многу позитивна. Сигурни се дека ќе вроди со плод, бидејќи со владините мерки многу се зголеми процентот на странски гости, па очекуваат истото да се случи и со домашните.