КОНГРЕС НА ПСИХИЈАТРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Синоќа во х.Метропол започна со работа 6 Конгрес на психијатрите на Македонија. “Психијатријата и менталното здравје во 21 век“ е темата на која ќе расправаат македонските психијатри и еминентни стручњаци од светот. Пред учесниците во името на градот домаќин, се обрати заменик градоначалникот Константин Георгиески.
Родители се жалат дека недостасуваат учебници во школите
На стартот од новата учебна година пристигнуваат реакции од родителите дека нема учебници по сите предмети во училиштата. Од Министерството за образование и наука тврдат дека има учебници. На терен пак, училиштата се снаоѓаат во условите кои ги имаат. Во некои училишта има вишок на учебници по природните науки, а со години недостасуваат учебници по одредени предмети.
ЗАПОЧНАА КУРСЕВИТЕ ПО РУСКИ ЈАЗИК
Во Основното училиште „Христо Узунов“ , вечерва градоначалникот Јован Стојаноски, рускиот амбасадор во Република Македонија Сергеј Александрович Баздникин и почесниот конзул и директор на Рускиот центар при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојкоски, присуствуваа на првиот час на бесплатните курсеви по руски јазик.
Со помошта од државата Охрид планира да сервисира дури 80% од долгот на општината
Вкупните долгови на општина Охрид, по основ на главница и камати изнесуваат околу 25 милиони евра, вели секретарот на општина Охрид Игор Бежоски. Со најавената финансиска инјекција од државата, локалната власт има намера да изменаџира сервисирање на 80% од долгот.
ЈП Охридски комуналец доби „пајак“ возило
ЈП Охридски комуналец доби „пајак“ возило. Возилото е донација од ЈП Паркинзи од град Скопје. Комуналец по налог на полицијата со две возила ќе интервенира во ставање ред во соообраќајот , а ќе го користи и за сопствени потреби.
Советниците на Општина Дебрца одлучија, општината ќе додели еднократна парична помош за лекувањето на Сара
На 16-та седницата на Советот на општина Дебрца, советниците едногласно ја изгласаа предлог одлуката за доделување на помош за лекување на Сара Настеска во висина од 100.000 денари.
Нов есенски циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL
Поради големиот интерес на охриѓани Црвен крст Охрид започнува нов, есенски циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language).
Охридските основци ќе почекаат за топол оброк
Родителите, посебно на учениците во пониските одделенија, како и педијатрите апелираат сериозно да се разгледа проблемот со исхраната на децата во училиштата.