Најголем интерес за гимназиско образование и медицина
Полуматурантите кои не успеаа да се запишат во некое од средните училишта во првиот рок утре ќе поднесуваат документи во второ пријавување во јунскиот рок. Во првиот рок најголем интерес за гимназиско образование и медицина. И како во изминатите години , така и за учебната 2018/2019 година, во туристичкиот центар Охрид, нема интерес за струката келнер.
Законот за спречување на нелојалната конкуренција во занаетчиските дејности не функционира
Законот за спречување на нелојалната конкуренција во занаетчиските дејности не заживеа, реагираат од охридската регионална комора. Иако со последните законски измени се врати можноста за ангажирање на калфите интересот кај занаетчиите е мал. Со новиот закон за занаетчиите се уредува финансирањето на коморите со што плаќањето чланарина е задолжително.
На локалниот пат за Велестово потребна е итна санација на поткопаниот асфалт покрај патот
На локалниот пат за Велестово потребна е итна санација на поткопан асфалт покрај патот. Лошо завршени градежни работи довеле до поткопување на асфалтот кој секојдневно полека се уништува. Патниот правец Охрид Велеството беше целосно реконструиран пред 2 години.
Заменик градоначалникот на протоколарна средба со делегација од Пиран
Заменик градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски денес имаше протоколарна средба со претставници од Советот на словенечкиот град Пиран.
Ветерани од КУД од бившите југословенски простори во посета на Општина Охрид
Секретарот на општина Охрид Игор Бежоски денеска прими ветерани од културно уметнички друштва од бившите југословенски простори кои учествуваа на фестивалот „Разиграно оро“ што се одржува од 23 до 27 јуни во Охрид.
Градоначалникот Стојаноски оствари средба со амбасадорoт на Австралија
Денес градоначалникот Јован Стојаноски оствари средба со ополномоштениот амбасадор на Австралија во нашава земја, Џулија Фини.
Утврден текстот на предлог законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност
Владата го утврди текстот на Предлог-законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност со кој се уредува системот на контролата на сите извори на јонизирачко зрачење, како и заштитата на населението и околината од изложеност или потенцијална изложеност на јонизирачко зрачење.
Фестивал на словенечка музика и игра
Традиционалниот музичко-сценски фестивал “Словенија во Охрид“, синоќа беше отворен на летната сцена на Долни Сарај. Дувачки и тамбурашки оркестри, хорови и мажоретки и 31 фолклорна група со над 800 учесници во наредните денови ќе ја презентираат словенечката музика и игра пред охриѓани и гостите. Амбасадорот на Република Словенија во нашата земја Милан Јазбец, истакна дека оваа манифестација е празник соработката и пријателството кој покрај на словенечки се обрати и на македонски јазик.