Skip to main content
Фев 5, 2016

Разводот значи прекин на бракот но не значи и прекин на доживотно и одговорно родителство. Во таа насока група родители  покренаа иницијатива за измена на Законот на Семејство при што бараат овозможување на заедничко и одговорно родителство и по развод, како појдовна основа за најдобар интерес на детето кога неговите родители се разведуваат. Оваа иницијатива е поддржана од првата детска амбасада „Меѓаши“.


Јул 19, 2021

Треба  да се работи на подобрување на слабите алки кои го сочинуваат. Меѓу барањата на туристите се престој во авто кампови, за што треба во постоечките сериозно да се вложува за да се обезбедат Европски стандарди.


Фев 5, 2016

“Завет, јад” со поднаслов “Кирил 1830, Кирил 2001” е поемата која ја доби честа да биде дел од долгата низа поетски восклици кои низ годините ја понесоа оваа ласкава титула.


Фев 5, 2016

Градинката „Јасна Ристеска“ води посебна грижа за здравјето на дечињата и нивниот правилен раст и развој. Тие имаат зацртано спроведување на повеќе проекти од областа на здравството. Од средината на февруари ќе се прават систематски прегледи на децата од три до шест години.


Фев 5, 2016


Медот да се купува само од познати пчелари, препорачуваат експертите по пчеларство. Синоќа охридските пчелари имаа можност да се едуцираат за ридско планинското пчеларење и брзиот развој на пчелните семејства, во присуство на истакнатиот проф по пчеларство Ѓоко Зечевиќ кој доаѓа од соседна Србија.


Фев 5, 2016

Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството, објави оглас во кои е наведено дека сите што сакаат да се занимаваат со земјоделска дејност, а немаат наполнето 40 години, ќе може да аплицираат за Субвенции за млади фармери.


Фев 4, 2016

Освен роднинската врска, денешниот заеднички настан ја поврза и креативната нишка во која беа изложени цртежи изработени со секојдневни предмети, но и четиринаесет раскази создавани во еден подолг период.


Фев 4, 2016

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици велат дека во моментот немаат средства за целосна реконструкција на коловозот.