Прекин на водоснабдувањето на ул. „Трајче Трајчески“
Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека денес, среда, поради настанат дефект на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улица „Трајче Трајчески“.
Американската зелена карта не е предизвик за охриѓани
Американската зелена карта не е предизвик за Охриѓани. Таков впечаток добивме од одговорот на нашите соговорници кои ги анкетиравме на оваа тема. Сепак, дел од младите охриѓани аплицирале и очекуваат да заминат во државава со надеж дека во Америка ќе живеат подобро.
Во Охрид прикажан македонскиот филм „Медена ноќ“
Во Охрид прикажан македонскиот филм „Медена ноќ“.
Здружението на лекари од Охрид најостро го осудува вчерашниот вандалски чин кога беше пукано во нивни колега
По вчерашниот немил настан во кој на државната клиника во Скопје беше ранет хирург од страна на револтиран син на пациентка која била лекувана на клиниката, денес се огласи и Здружението на лекари од Охрид. Од таму најостро го осудуваат ваквиот вандалски чин и бараат под итно да се донесе закон за заштита на дигнитетот, угледот и психофизичкиот интегритет на докторите и медицинскиот персонал.
Националните комисии за Унеско на Македонија и Албанија потпишаа изјава за заштита на регионот
Ирена Стефоска, Македонската министерка за култура и претседателка на Националната Комисија на Унеско е оптимист дека сеуште има надеж за спас на Охридскиот регион да не се најде на листата на загрозени подрачја под Унеско. Таа не е задоволна од досегашната соработка со институциите на локално и државно ниво во имплементација на препораките од Унеско.
Каде ќе зимуваат охриѓани
Граѓаните веќе интензивно размислуваат каде ќе го поминат својот зимски одмор. Поголем дел веќе ги имаат уплатено своите аранжмани, а за тоа добиле специјален попуст од агенцијата. И за Нова година е се поизвесно кој каде ќе патува.
Двојки, тројки и четворки за охридските основни училишта
Двојки, тројки и четворки за охридските основни училишта.
Сe помалку се почитува Законот за забрана од пушење
Од општинскиот пазарен инспекторат најавуват поригорозни контроли во зимскиот период кога најчесто се пуши во затворен простор. За прекршителите следуваат високи казни.