Да не се менуваат често воспитувачките во малите групи во градинката бараат родителите
Родители на деца од предучилишна возраст реагираат до менаџментот на детската градинка „Јасна Ристеска“, на честите промени на кадарот што работи со децата, посебно кај најмалите. Тие велат дека ваквата практика негативно делува кај нивните најмили и сметаат дека професионалниот развој на негувателките и на воспитувачките е неопходен за грижата на децата точно во првиот степен во воспитно-образовниот процес на децата.
Во Охрид ќе се гради црковен музеј
Во Охрид ќе се гради црковен музеј каде ќе бидат сместени вредните икони од западниот дел на Македонија. Проектот веќе се изготвува, а ќе биде финансиран од МПЦ.
Ноември, месец на македонскиот филм во ЦК „Григор Прличев“
Во Центарот за култура „Григор Прличев“ нареднава недела ќе се прикажуваат македонските класици во соработка со Вардар филм. Веднаш после тоа гледачите ќе може да види уште две премиери на македонски филмови. Публиката полека но сигурно се враќа во кино салите.
Пештанци бараат инспектори да ги исконтролираат одгледувачите на свињи во населбата
Пештанци се жалат на неподнослива реа која се шири од неколкуте кочини за одгледување прасиња во населбата. Тоа посебно било изразено во летниот период, што за оваа позната туристичка населба давало грда слика, а тоа го забележувале и туристите кои во повеќе наврати реагирале, посебно кога во вечерните часови шетале низ пештанските долови.
Бели рози за почист воздух
Женскиот лајонс клуб Деница денес го разубави дворот на охридската гимназија Св.Климент Охридски. Тие велат дека ова е една симболична акција како да се поттикнат младите на размислување не само за естетиката туку и за значајната функција на белите рози кои го филтрираат загадениот воздух.
Се уредуваат тротоарите на ул. „Јане Сандански“
Деновиве се работи на поставување на нови тротоари на дел од ул „Јане Сандански“. Тоа го прават екипи на ЈП „Нискоградба – Охрид“ и „Градски Гробишта“, по налог на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици.
Охриѓани чествуваат 71 година слободен Охрид
Денес со свечена седница и пригодна културно уметничка програма беше оддадена достојна почит на храбрите борци кои во далечната 1944та година, на 7ми Ноември ги дадоа своите животи за нашата слобода.
Тешка сообраќајна несреќа на патот Ресен-Охрид
Четири лица се повредени во тешката сообраќајна незгода која вчера околу 18:50 часот се случи на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на превојот „Буково“.